Вашингтон: Денеска продолжува и завршува тридневната средба на шефови на држави или влади на членките на НАТО, а во чест и на 75 години од основање на Алијансата.
Лидерите на Алијансата ќе имаат состанок со нивните колеги од партнерските земји од азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Јужна Кореја, како и со високи претставници на Европската Унија.
Самитот ќе заврши со заседание на Советот НАТО-Украина на ниво на шефовите на држави или влади, на кое се очекува реафирмација на поддршката на Алијансата за Киев колку што ќе биде потребно.
На вчерашниот дел од Самитот, на кој се одржа заседание на Северноатлантскиот совет, лидерите расправаа за усвојување на „значителен пакет“ за поддршка на Украина.
На НАТО самитот македонска делегација ја предводи премиерот Христијан Мицкоски.