Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ве обвинуваме, судии и обвинители!

0
By Marija Todorovska on August 17, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Kои сте, бре, вие, криминалци во одори, со име Наќе Георгиев и Иџет Мемети? Кој вам ви дал дозвола да ни ја крадете иднината? Ве обвинуваме, ние граѓаните, и ви пресудуваме – виновни сте!

Соња Христовска Угриновска

Кои сте вие, суштества со име Наќе Георгиев и Иџет Мемети, криминалци во одори, кој вам ви дал дозвола да ни ја крадете иднината? Ве обвинуваме, ние граѓаните, и ви пресудуваме – виновни сте! Правда ќе нема, па ќе треба ли како што персискиот цар Камбиз Втори на живо го одрал корумпираниот судија Сисамнес во 500-та година пред Христа и наредил со неговата кожа да се обложи столот на идниот судија, од кожите на „судијата“ и „обвинителот“  да се обложат столовите на кои ќе седат сите судии и обвинители, за никогаш повеќе никому да не му текне да брца во саќе како што брцале Иџет и Наќе?
На столот на Сисамнес седнал неговиот син, кој, пак, седејќи врз кожата на погубениот татко целиот живот судел правично? Или да препишеме закони од Кина, древната цивилизација која до денешен ден стрела за корупција?! Сурово ви изгледа размислата на јавноста, но вие, корумпираните, сте многу посурови – и вие што крадете, па се спогодувате за да не лежите без судење и тие што ве избрале да обвинувате и да судите и тие што ви понудиле спогодба. Вие сте сурови, а ние сме очајни! Акција-реакција! Немаме веќе што да изгубиме, оти со таквите како вас, изгубивме сè! Треба да се плашите од гневот на праведниот човек.

Кои сте вие, преплатени од сиромавиот народ, да го крадете народот? Некојси Наќе Георгиев и некојси Иџет Мемети – кукли на врвки цел живот на функции, наместени од партии за да им служите, кои толку ги презирате граѓаните, па си земате по 15.000 евра мито, за да ослободувате од одговорност политичари обвинети за трговија со дрога?!

Еве кои сте, мизерии со човечки лик.

Мемети беше министер за правда во воената 2001 година од партијата ПДП и остана запаметен по тоа што не бараше екстрадиција од Германија за терористот Семи Хебиби кој учествуваше во јануарскиот напад на полициската станица во Теарце, во кој загина полицаецот Момир Стојановски и со кој почна војната во Македонија! Потоа, во 2003 Мемети беше избран за уставен судија, незаконски, затоа што во тие редови нема место за партиски луѓе, а по неколку месеци повторно стана министер за правда, овој пат од редовите на ДУИ. Така, ептен цврсто докажан како непартиска личност, се устоличи на непартиската функција Народен правобранител, од каде јадеше „леб“ цели 16 години, во два мандата по осум. Вториот мандат во 2012 година Собранието му го изгласа на „Црниот понеделник“, денот кога пратениците на СДСМ прв пат беа тепани, ама ќотекот почна откако прво Мемети си заседна подлабоко во фотелјата во која смее да седне само некој со чест и углед, кои ликов ги нема! Од правобранителската фотелја во 2020 година беше лансиран директно во Советот на јавните обвинители, од каде конечно „падна“ неодамна како докажан криминалец, со признание дека си зел 10.000 евра мито и спогодба за условна казна. Догодина ќе си дочека дебела пензија и ќе си ужива, смеејќи ѝ се на цела Македонија во лице, како држава која еден скромен правник со приштинска диплома цел живот ја молзел и ја влечел за нос. Најироничниот дел од неговата биографија е дека претседателот на Франција Франсоа Оланд во 2012 година го одликувал со орден „Офицер на националниот ред за заслуги“, а истата година кралот на Шпанија Хуан Карлос Први му дал „Орден за граѓански заслуги“. Браво за нив.

Наќе Георгиев, пак, се вивна до врховен судија во 2020 година со одлука на славниот Судски совет, откако претходно беше претседател на Апелација Штип, каде правеше криминал, а се спаси од одговорност благодарение на истиот Судски совет, каде Наќе си има добра струмичка другарка. Група штипски бизнисмени во 2021 година обвинија за организиран грабеж од неколку милиони евра, „испумпани“ од нивните сметки преку незаконити судски одлуки и поткуп на судии на подрачјето на Апелацискиот суд во Штип. Судскиот совет водеше постапка за утврдување на одговорност и беа разрешени дури тројца апелациски судии и еден врховен судија, а Наќе – не. Недопирливиот Судски совет ја прекина постапката против него во 2023 година, за тој да може да биде избран за член на Судскиот совет, каде се самоизбра откако останатите врховни судии ги исшкртаа избирачките ливчиња, а штом стапна и на оваа висока судска функција се самооткажа од неа, за да може син му да бидеи избран судија. Си се врати во Врховниот суд и неславно ја заврши кариерата со признание дека зел мито од 15.000 евра. Ќе „лежи“ три години во затвор, па ќе си лежи во пензија. Ќе ги врати 15.000-те илјади евра, а колку милиони евра ќе си задржи, тоа треба Јавното обвинителство да ни каже, ако се разбуди од зимскиот сон, во кој е со децении. А ако случајно ЈО почне да работи, нека провери и до каде е претставката против криминалците од штипска Апелација, оти не е исто само да те разрешат од функција и кривично да одговараш за злоупотреба на службената должност.

Ете, вакви „великани“ ни делат правда, палат и гасат по судовите и обвинителствата, си ги полнат џебовите и мевовите и си ја местат цела фамилија во правосудството – жена му на Наќе е обвинителка во ЈО Струмица, син му е судија, ќерката на Иџет заврши Академија за судии и ќе биде бирана за судија, а зет му е обвинител во ЈО Гостивар!

Великиот Судски совет вчера го разреши криминалецот Наќе од судиската функција затоа што е осуден на три години затвор, зборувајќи дека „не смее да се дозволи вакви поединци да ја уриваат сликата за судството“, небаре за судството некој има добра слика која допрва ќе се урива, а кога го бираа едногласно во 2022 од устата им течеше „саќето на Наќе“, дека тој е „прекрасна личност и професионалец, човек со морални вредности и професионални квалитети“.

Какво ни е кривосудството, арно уште постоиме!

Преземено: Слободен Печат

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
ФОКУС

ЦИВИЛ со нова акција: Прес центар и нтензивна комуникација со јавноста в недела за време на претстојниот изборен ден

ВЕСТИ October 17, 2025

На 19. октомври, со почеток во 7 часот наутро, ЦИВИЛ ќе го отвори прес центарот…

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

October 17, 2025

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

October 16, 2025

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.