Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Верушевски во „Таргет – Тврдина“: Груевски e креатор на прислушувањето, обвинетите плаќаат за него

0
By Соња Петрушевска on October 10, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 10, 2019 16:01

Зоран Верушевски – сведокот во „Таргет – Тврдина“ за масовното незаконско прислушување денеска во судница рече дека злоупотребата на институцијата била креирана од Никола Груевски и неговата опседнатост да остане на власт. Освен Груевски, клучни за прислушувањето биле бегалците Никола Бошковски и Горан Грујоски кои сега се во бегство во Грција.

Обвинетите Мијалков, Јанкуловска, Јаќимовски и другите кои беа присутни на рочиштето, Верушевски не ги именуваше ниту еднаш. Напротив рече дека „Голем дел од обвинетите  овде, плаќаат поради патолошката опседнатост на Груевски кој ги злоупотребил институциите“.

На директното прашање од судијата кои материјали ги имаат тројцата бегалци, Верушевски одговори „изворната документација“. Господ знае што се поседуваат – дополни тој.

„Она што беше предадено во СЈО беше само минорен дел во однос на документaцијата што ја поседуваат овие тројца, која не се знае колкава. Тоа е изворната документација.  Со оваа документација тие си обезбедија не само заштита туку тука е и одговорот зошто државите во кои тие побегнаа чудно немаат коментар на сите правни дејствија кои ги повлекуваат властите за нивно враќање во државата“ рече Верушевски.

Тој кажа и дека разузнавачките служби во Унгарија и Грција сигурно не ги прашуваат тројцата бегалци за  растот на БДП-то во Македонија, туку  тие се интересираат за начинот на кој функционираат прислушните уреди и материјалите кои тие ги поседуваат.

Судијата побара од Верушевски да објасни што мислел со неговиот исказ од претходното рочиште дека  „документацијата била модифицирана и компромитирана“ , на што тој одговори: Базичната документација беше во рацете на луѓето кои сега се во бегство и тоа што сега се објавува како приватни разговори.

Според него СЈО направило пропуст што не го обвинил Груевски за незаконското прислушување.

„Се беше креирано, осмислено и поттикнато од тој што имаше најголем бенефит не во материјална смисла. Тоа лице имаше патолошка желба да ја задржи власта и од таа амбиција извираше цела злоупотреба на институциите на системот“ рече Верушевски.

Верушевски беше повикан како сведок на СЈО. Во Таргет- Тврдина обвинети се Сашо Мијалков,  Гордана Јанкулоска, избеганите Горан Грујевски и Никола Бошкоски, Тони Јакимовски и вработени во УБК кои по телефон давале наредба да се впишуваат броеви на граѓани, како и тие што ги извршувале наредбите.

Одбраната на обвинетите одби вкрстено да го испрашува сведокот.

Следното рочиште е закажано за 24 октомрви, кога ќе треба да сведочи Зоран Заев.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026

Има повредени – за време на забава се урна цел кат од зграда во главниот француски град

January 18, 2026
ФОКУС
January 24, 2026

Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД во Абу Даби

ВЕСТИ January 24, 2026

Руски, украински и американски претставници се сретнаа вчера во Абу Даби за прв пат во…

Собрание на РСМ: Помина законот „Безбеден град“ – казните стартуваат на 1-ви февруари

January 23, 2026

Давос: Трамп од Гренланд доби тоа што САД и до сега го имаа – Европа конечно ѝ покажа заби на неговата вербална агресија

January 22, 2026

Лупинг во Давос: Трамп се откажа од царините за Европа – се крои план за Гренланд

January 21, 2026
ТИКЕР

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026

Има повредени – за време на забава се урна цел кат од зграда во главниот француски град

January 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.