Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Бегалска криза: Темната Европа се бори за светлина

0
By Светлана Јовановска on August 30, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Соочена со најголемата бегалска криза од Втората светска војна до денес, Европа полека почнува да се организира. Германија и Франција се првите две земји кои порачуваат дека на бегалците мора да им се помогне и да им се даде засолниште.

Министрите за внатрешни работи на Германија, Франција и Велика Британија побараа итен состанок на ЕУ за да се преземат “итни мерки за да се даде одговор за миграцискиот бран”, порачаа тие преку соопштение. Тие сметаат дека е итно во Грција и Италија да се креираат центри во кои ќе се идентификуваат мигрантите за да се види кој е бегалец од војна а кој економски мигрант.

Истовремено трите земји бараат итно воведување на список на “сигурни земји” чии што државјани нема да можат да добијат азил поради тоа што доаѓаат од земји каде што нема војна ни диктатура. На овој список ќе се најдат пред се државјаните на балканските земји кои во последните 5 до 6 години беа најбројните баратели на азил во ЕУ. За илустрација, во текот на 2014 година речиси 30.000 косовски државјани побарале азил во ЕУ што е еднакво на бројот на бегалци во истиот период од Сирија и Авганистан.

Со ова барање за “сигурни земји” треба да се заштитат вистинските бегалци и да се обезбеди враќање на илегалните мигранти во нивните земји”.

Во текот на првите седум месеци од оваа година во ЕУ влегле 340.000 мигранти. Во текот на истиот период минатата година ги имало 123.000, соопштува ЕУ агенцијата Фронтекс.

Високиот комесаријат за бегалци информираше дека по 1.500 луѓе секој ден минуваат преку границата помеѓу Грција и Македонија. Преку овој пат кој го доби името «патот на западниот Балкан» минуваат Сиријци и Ирачани но од балканскиот регион кон ЕУ секојдневно одат и Албанци, Косовари, Срби и Македонци кои се потрага по подобар живот.

Истовремено трагедиите помеѓу луѓето кои се обидуваат да влезат во ЕУ не престануваат. Од почетокот на годината 2.300 лица го загубиле животот во Медитеранското море а деновиве дојде и трагичната вест од Австрија каде што беа пронајдени мртви 71 Сиријци.

Познатиот германски дневник, весник со најголем тираж во Европа, “Билд” одлучи да се мобилизира за поддршка на бегалците. Во саботата весникот објави порака на својата прва страна која вели “Ние помагаме”. “Билд” тргна во голема операција за помош и со намера да покаже дека “дека викачите и ксенофобите не врескаат во наше име”:


Саботната насловна страна на “Билд”

Други германски медиуми и се придружија на оваа акција откако во изминатите недели имаше инциденти против мигрантите. «Дер Шпигел» објави двојна насловна страна. На едната имаше фотографија на запален центар за бегалци на кој пишуваше «Темната Германија», додека на втората имаше слика на децата на бегалците кои фрлаат балони со наслов «Светлата Германија». «Ние треба да одлучиме како ќе живееме, имаме избор», порачуваше весникот.

Деновиве на социјалните мрежи и ТВ екраните низ Европа се појавија слики од фудбалските стадиони во Германија на кои им се посакува топло добредојде на бегалците а се појави и видео на кое германската армија им помага на бегалците.

Бранот на бегалци во Германија ги надминува сите предвидувања. Годинава се очекува да пристигнат 800.000 луѓе. Центрите за бегалци се редовно се цел на насилни реакции особено на истокот на земјата. Во Хејденау во протестите се судриле поддржувачите на екстремната десница и полицијата а закани и напади врз бегалците се забележани во повеќе германски градови.

Знак дека треба да им се помогне на бегалците стаса и од премиерот на Франција Мануел Валс кој изјави дека луѓето кои бегаат «од војна, тортура и репресии мораме да ги примиме». Тој побара сите барања на азил да бидат прегледани многу брзо а «бегалците треба бидат третирани достојно, треба да им се даде засолниште и нега».

Шефот на француската дипломатија Лоран Фабиус изјави дека е «скандализиран од однесувањето на некои источно-европски земји кон бегалската криза и особено од Унгарија».

«Сметам дека е скандaлозно тоа што одреден број земји во Европа не ги прифакаат бегалците» додавaјќи дека тие земји се наоѓаат пред се на истокот на Европа.

Организациите кои се грижат за бегалците тврдат дека ниту еден од бегалците не сака да остане ни во Унгарија ни на Балканот.

Европската комисија летово предложи распоредување на бегалците во сите земји членки според нивната големина, но оваа распредлба се соочи со недостигот на добра волја од страна на Унгарија, Австрија, Словачка и Словенија.

Според францускиот министер однесувањето на Германија е најхрабро а Франција, рече тој, ја следи Германија: «Но, сите земји од Европа мораат да ја преземат својата одговорност», рече Фабиус кој ја нападна пред се Унгарија која «не ги почитува заедничките европски вредности» со тоа што става жица на границата. Фабиус смета дека Унгарија мора да ја отстрани жицата и дека земјите на ЕУ мораат да отворат со Будимпешта «сериозна и строга дискусија».

И додека најголемиот број земји на ЕУ се колебаат околу приемот на бегалците, порака стаса и од Бан Ки Мун, генералниот сектретар на Обединетите Нации кој побара «легални и безбедни канали за бегалците». Според него, ова е криза на солидарноста а не криза на бројки.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.