Низ социјалните мрежи се шири снимка од момчето Макар кое, како што објави „Украинска правда“, има седум години и потекнува од Мариупол.
Момчето на видео записот се наоѓа во разрушена куќа, а „Украинска правда“ наведува дека снимката е иронична порака што тој ја изговорува додека ги покажува рушевините околу себе.
„Јас сум Макар. Имам седум години. Ова е мојата куќа. Ви благодарам спасители од Русија што го направивте ова“