Ако одите во Виена да гледате Евровизија ќе можете истовремено да ја констатирате толерантноста на жителите на австриската престолнина кон нивните хомосексуални сограѓани.
Десетици семафори деновиве се претворија во кампања за поддршка на хомосексуалците токму пред почетокот на Евровизискиот фестивал чие што финале ќе се одржи на 23 мај.
Парови црвени и зелени мажи и жени се прегрнати или кои се држат за рака ги осветлуваат виенските семафори. Вообичаените семафори во Виена беа како и на најмногу места во светот – со една човечка фигура за која не можеше да се каже на кој пол му припаѓа.
Целта на оваа кампања е да му ја прикаже Виена на целиот свет како отворена и толерантна но истовремено да ја подобри безбедноста на пешаците во сообраќајот.
Австрија два пати победи на Евровизија, прво во далечната 1966 со песната “Merci Cherie“ отпеана од Udo Jürgens и минатата година со песната “Крени се како феникс” на Кончита Вурст која е травестит и, по победата, ја возбуди европската јавност поради оваа нејзина определба.
Ова издание на Евровизија е 60 по ред.
Македонија ќе ја претставува Даниел Кајмаковски со песната “Лисја есенски”.