НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вистината и “вистината” на Куририте

0
By Сашка Цветковска on May 27, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Многу често се обидувам да си замислам како изгледа еден колегиум во редакцијата на порталот “Курир”. Мора да е исклучително доживување штом “колегиве” од Курир се способни дури и фановите на таканаречената комунистичка архитектура да ги претворат во критичари на истата и вљубеници во новиот изглед на барокно Скопје.

Куририте се познати “ловци на вештерки” и статиите во кои тие идентификуваат странски платеници, домашни предавници и непријателски меѓународни сили и организации просто се главната одлика на нивната уредувачка политика, каде и да е или кој и да е тој центар на уредување.

Но, страста на ловџиите од Курир кон овие видови иако восхитува, мора да се признае дека делува минорно споредено со страста со која ловат добри и восхитени странци и туристи на Скопје 2014. Нема ден да помине, а да не прочитаме некој величествен наслов за убавините на новото Скопје кое го изгради новава реформска влада визави грдотиите на старото Скопје.

Веројатно, во недостаток на смртно восхитени странци пред зданијата на плоштад или во недостаток на платени репортажи на владата во странски медиуми (редовно пренесувани како новинарски авторски текстови) Курирци мора да се користат и со “ситни” лажги и измами за да ја задоволат дневната доза на докажување на убавините на барокно Скопје. Или тоа или треба да помислам дека не знаат да читаат.
Еве како денеска се “снашла” екипата курири за брзи интервенции.

Наслов: Скопје во очите на странците – од бруталистичка архитектура до светска метропола

Поднаслов: Брутален бетон или комунистичка архитектура која е симбол за социјализам и некреативност. Ова е Скопје во очите на странците пред главниот македонски град да го добие новиот современ лик , кој привлече многубројни туристи и ќе донесе бенефит на повеќе полиња.

Инспирација за текстот кој следи, а кој освен како безочна лага не може никако поинаку да се идентификува е блогот на новинарот Нејт Роберт кој куририте се обидуваат да го претстават и пренесат како крунски доказ дека Скопје 2014 е предмет на восхит на странците, а комунистичката архитектура предмет на презир. И се би било супер, да не е обратното.

Имено, новинарот и блогер Роберт Нејт е голем фан на таканаречената брутална комунистичка архитектура за која и во самиот блог објаснува дека зборот “брутална” е термин кој се користи во архитектурата за да се опише правецот, но дека никако не се однесува на суштинското значење на придавката “брутално”. Нејт Роберт патува во земјите од Источна Европа (Србија, Хрватска, Словенија, Словачка, Чешка и други) и ја фотографира комунистичката или социјалистичката модерна архитектура која е негова опсесија. Тоа хоби го довело и во Скопје, градот кој според него има најмногу ваква архитектура која се должи на интензивната повторна изградба на градот по скопскиот земјотрес, како што самиот забележува.

Еве како неговата спорадична забелешка е искористена во текстот на Курир.

“Роберт во статијата вели дека терминот комунистичка архитектура, за западниот свет се користи за да се означи темниот, брутален и одделен стил на архитектурата на Балканот која во голема мера се разликува од она што се градело во другите земји. Тој додава дела со популација од половина милион жители, Скопје се смета за мал град. Во неговата компактна структура овој град содржи многу поголем број на градби од бруталната архитектура од било кој друг град во светот, смета тој.”

Потоа Курирци ја земаат оваа забелешка на авторот како главна аргументација дека старото Скопје не чини, а новото е одлично , во комбинација со крајот на текстот на авторот во кој тој порачува дека Скопје е вредно за посета и мудро заклучуваат:

“Тој со овие зборови ја потврдува позитивната промена која му се случува на Скопје во изминатиов период. Скопје од град на брутален бетон, со новите градби почнува да наликува на современ европски град, кој сега во очите на странците е светска метропола која добива достоен лик.

Се разбира, текстот си има свој логичен курирски крај, а тоа е дискретна пофалба на авторите на проектот Скопје 2014.

“Сето ова се овозможи благодарение на проектот Скопје 2014, кој покрај современиот лик на градот, овозможи и отворање на работни места, внесе приходи од туризмот и ја исполни историската обврска кон македонските херои. Проектот воедно е потпора за македонскиот идентитет. Од друга страна, според последните податоци од Државниот завод за Статистика, Скопје секојдневно го посетувале 225 странски туристи во февруари”,пишуваат Курирци

А сега да видиме какви се навистина импресиите на Нејт Роберт за Скопје 2014.

“Не сум многу сигурен која е поентата на новиот Лас Вегас/Дизниленд стил на градење спонзориран од владата”

Или, во моментот кога Роберт бил во Скопје се уште немаше абер дека ќе се менува фасадата на Владата. Информиран за промените кои следат, тој забележува

“Ги гледам линковите и сум ужаснат. Кога бев ја фотографирав владата и сега ќе ги додадам фотографиите. Ако се промени вака како што е предложено, тоа ќе биде вистинска трагедија. Вашата влада треба да ја воздигне оваа архитектура затоа што е оригинална и има многу фанови низ светот. Секако, ако сакаат да градат барок нека градат. Но, тотално лудило е да ја уништуваш постоечката архитектура од комунистичка ера. Чисто лудило и тие ќе зажалат за тоа. Кој и да е тој во владата кој се чувствува загрозен од овие споменици на минатото, треба да разбере дека тие не закана и дека туристите сакаат да ги гледаат, а исто така и локалните жители. Уништивањето на наследството, особено ако претставува ваква позитивна порака е апсурдно”

Текстот на Нејт Роберт изобилува со фотографии од старите комунистички градби во Скопје, но и од новите, барокни. И просто е неверојатно како од новинарот кој со восхит и нескриени импресии зборува за комунистичката архитектура, новинар кој дури и споделува критики на адреса на владата која не се грижи да ги реставрира старите споменици и згради, а троши куп пари на нови и тоа во држава во која како што пишува тој невработеноста е голема, а државата не е богата, Куририте успеаја да направат фан на Скопје 2014 и човек кој ја презира комунистичката архитектура.

“Додека некои се уште ги посакуваат „убавините“ на бруталниот бетон од минатото, граѓаните на Скопје и воопшто на целата земја се гордеат со новиот лик на метрополата, додека пак странците кои се почесто го посетуваат во него гледаат современ европски град со нов лик. Модерниот свет од бруталистичка архитектура денеска се ослободува како од нешто непотребно. Од друга страна, странците не беа заинтересирани за ваквата стара архитектура, додека новиот лик на Скопје привлече голем број на странски туристи”, мудро извлекуваат заклучок од блогот на Нејт нашите курири на кои им е се, само не им е прв пат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.