Медулин: Најмалку 30 јахти изгореа во голем пожар што избувна во пристаништето во Медулин на хрватското крајбрежје, јави полицијата во Истра. Пожарот се шири од една на друга јахта.
Службите добиле дојава за пожар во пристаништето утрово во 03:55 часот. Досега изгореа 30 пловила, а неколку од нив потонаа. Пожарот се уште беснее, се слушаат и експлозии.
Медиумите кои јавуваат за пожарот, пресметале дека дека просечната цена на една јахта усидрена во тоа пристаниште е околу 150.000 евра.