Пустец: На свеченост организирана од општина Пустец денеска на плоштадот во оваа албанска општина ќе биде откриена спомен биста на македонскиот револуционер Гоце Делчев.Поздравни обраќања се најавени од градоначалникот на општината Пали Колефски, претседателот на македонската партија Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, министер советникот во македонската Амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, како и на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, а со сплет македонски народни песни и ора ќе настапат и членовите на Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Битола.
Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.