Вашингтон: Во Сенатот на САД е поднесен нацрт – закон за прогласување на Русија за држава спонзор на тероризмот. Документот беше претставен од сенаторот републиканец Линдзи Грем и неговиот демократски колега Ричард Блументал.
Според мислењето на авторите на оваа иницијатива, со давањето таков статус на Русија САД значајно ќе го зголемат достапот до инструменти за казнување на рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина, деструктивните дејствија во Африка и низ целиот свет.
Неодамнешниот договор на Русија за воена алјанса со Северна Кореја, еден од најрепресивните режими на планетата, е последна капка и САД повеќе не треба да се воздржуваат во своите оценки, изјави Грем.