Анкара: Турските власти уапсија нови 544 лица осомничени за врски со свештеникот Фетула Ѓулен, кого претседателот Реџеп Таип Ердоган го обвинува дека е организатор на обидот за пуч во 2016 година.
Осомничените се обвинети дека аплицирале за испит за државна служба по налог на движењето Фетула Ѓулен и дека користеле шифриран комуникациски систем „Бајлок“.