НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Воја Жанетиќ: Воведник за огласите и за билбордите

0
By Ана Василевска on November 5, 2022 ВЕСТИ, КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И колку допрва скапо ќе нè чини тоа што мислиме дека цивилизацијата се темели на селанките од градските билборди. А не на госпоѓите од село.

Воја Жанетиќ

Најлудото нешто што може некому да му падне на памет е да почне некој сериозен воведник со два огласи за продажба на недвижности. Е па, за љубителите на лудоста, ова е момент кога такво нешто можат и да прочитаат. Огласите се, да нагласиме, вистински и активни, пронајдени се минатата недела во Србија (а истите можат да се најдат каде било во опкружувањето).

Повелете.

* * * * *

Прв оглас: „Село Вучиќ веднаш покрај Рача Крагуевачка на пат кон Крагуевац, преубаво и живо. Во него плац од 14 ари, со куќа, штала, амбари, помошни објекти… Погодно за започнување некаков бизнис, бидејќи покрај патот има вода и струја, а погодно и за живот. Можност и за докупување на ниви од 1.6 хектари за 70 евра по ар! Цена на домаќинството – 22.000 евра.“

Втор оглас: „Новоградба, Нов Белград, 84м2, 4.0: Луксузен комплекс кој на своите идни станари им нуди една сосема нова димензија на удобен семеен живот. При изградбата се користени најсовремени, врвни материјали. Станот се наоѓа на идеалниот трет кат, тространо е ориентиран. Во цената на станот е пресметано и гаражно место од 15м2 во гаражата од зградата. Цена 300.000 евра. Агенциска провизија за купувачот – 2%.“

* * * * *

Секоја расправа за селото, а и за жените на село – нешто со што се занимаваме оваа недела – можеме да ја завршиме така што ќе ги замолиме почитуваните читатели повторно да ги прочитаат горенаведените два огласи, потоа само малку да размислат и потоа уште еднаш да ги прочитаат и уште еднаш малку да размислат. Но, не е во ред ниту овде да заврши приказната, ниту на тоа размислување малку да не му се помогне.

Да, пред наши очи се судрија два различни и развојно спротивставени светови од времето во кое живееме. Светот во подем е оној градскиот, во кој се живее во најсовремени материјали и, замисли, на идеалниот трети кат. Селскиот свет, оној кој забрзано исчезнува е – како што вели неговиот огласен хроничар – добар за бизнис. А и за живот, додадено е онака скромно и попатно. Како што и доликува.

Во урбаниот свет, од билбордите кон нас, другите смртници, гледаат затегнати и фотошопирани „идеални“ жени, дотерани и естетски доработени според сите потрошувачки и себенегувачки стандарди. Во оној рурален свет, нема билборди (а ни улици), наместо нив, по патиштата распаднати од негрижа шпартаат ранобудечки и по цел ден земјоделски вработени жени, од кои не само што се бескрајно оддалечени салоните за убавина и фотографите со филтери, туку најчесто и градинките, училиштата, здравствените домови, поштите и банките. Во голем број случаи, од овие дами се далеку и младите години: селското население во просек значително остаре во изминативе децении. Домашните градови и гастербајтерските странства желни за работна сила ги одвлечкаа и младите луѓе и младите семејства далеку од тешкиот и слабо платен селски живот. Селото е, главно, старо, па така и жените во него.

На сето наведено не помагаат ниту гравот од Киргистан, компирот од Холандија, унгарскиот грашок, кинескиот лук, турскиот лешник, зелената салата од Италија, јаболките и крушите од Полска… Сè помалку има нешта што би можеле да се произведат на селата во опкружувањето, а да не се веќе поевтини некаде во големиот свет, поради субвенции или технологии. Всушност, веќе не се прашуваме како кој – вклучувајќи ги и жените – живее на село, туку како селото е воопшто живо.

* * * * *

Овој воведник ќе го завршиме со банална и болна пресметка. Квадратен метар од стан во онаа градска новоградба, без агенциска провизија, е поскап 250 пати од квадратен метар од домаќинство во едно село, а 5100 (пет илјади и сто, со букви) пати од квадратен метар обработлива почва во близина на тоа село. Некаде помеѓу овие две цифри сигурно се наоѓа и нумеричка ознака за тоа колку пати животот на жените кои живеат на село, во опкружувањето кое за секоја држава живот значи, е потежок од сè што може да се замисли во и за животот. И колку допрва скапо ќе нè чини тоа што мислиме дека цивилизацијата се темели на селанките од градските билборди.

А не на госпоѓите од село.

Извор Окружење

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.