НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ на Заев и Рама им нуди „мини авантура“

0
By Борјан Јовановски on October 9, 2019 ВЕСТИ
Фото Танјуг
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српскиот претседател во Нови Сад на премиерите Заев и Рама ќе им предложи формирање на таканаречен балкански „мини Шенген“ кој би требало да претставува некој вид на “царинска унија” која ќе функционира по примерот на ЕУ. Со детали за оваа идеја денеска ќе бидат запознаени Заев и Рама на заедничкиот состанок. Српските официјални претставници, оваа иницијатива на Вучиќ, ја објаснуваа како потреба од зајакнување на регионалната соработка на економски план преку отстранување на различните административни бариери. Сепак, иако на прв поглед делува прифатливо постојат повеќе дилеми околу потребата за прифаќање на една ваква иницијатива на Белград.

Познато е дека земјите од регионот се вклучени во ЦЕФТА во која по зачленувањето на Полска, Чешка, Словачка Унгарија, Романија, Бугарија, Хрватска и Словенија во ЕУ останаа сите држави од Западниот Балкан плус Молдавија. Оваа иницијатива која ги нуди на располагање сите механизми за слободна трговија, за жал, не е искористена во целост поради тоа што секоја од членките со своите внатрешни проблеми и слабости на системите го ограничуваат применувањето на сите одредби од ЦЕФТА. Иако согласно овој договор не би требало одредена стока да чека со денови и ноќи на граничните премини тоа, за жал, сепак е реалност во актуелната трговска размена на земјите членки на оваа иницијатива што јасно укажува на потребата од сериозни внатрешни реформи кои би овозможиле ефикасно функционирање на сите одредби од овој договор кој беше замислен како вежбална за слободна трговија во предворјето на големиот европски пазар.

Дополнително сите заинтересирани за ефикасна соработка во регионот на располагање го имаат Берлинскиот процес и, се разбира, Советот за регионална соработка, институции под закрилата на ЕУ која е стратешка цел на барем дел од земјите во регионот.

Идејата на Вучиќ за “царинска унија” во април годинава во Брисел не беше отфрлена, но претставниците на ЕК сепак сугерираа дека би било подобро земјите од регионот да се концентрираат на продлабочување на соработката во рамките на ЦЕФТА.

Со оглед на тоа што желбата и потребата за ефикасна регионална соработка има на располагање повеќе инструменти, нејасно е кој е мотивот на Вучиќ за какви било други иницијативи. Една од претпоставките е дека во позадина е политички мотив – Србија да се позиционира како централен фактор во една ваква нејасна нова конструкција, а со тоа да направи и баланс со неговата авантура со влезот во Евроазиската Унија и флертовите со Путин.

Регионалната соработка е секако повеќе од непоходна, но исто така и хендикепирана без решавање на билатералните спорови. Добар пример за тоа сме ние. Македонија имаше пристојна економска соработка со Грција и Бугарија, но таа  очигледно, како што укажуваат бројките, драстично се подобри откако беа склучени договорите за надминување на билатералните спорови кои во голема мера имаа влијание врз целата атмосфера во  меѓусебната соработка.

„Бројките”, кога сме кај магичниот збор на бизнисмените во оваа смисла, воопшто не говорат во полза на оваа идеја. Единствени на кои оваа идеја може да им се допадне се можеби Вучиќ поради интересите на неговата шизофрена политика со која очајнички се обидува да баласира меѓу Москва и Брисел и се разбира, евроскептичните кругови во самата ЕУ кои би сакале Балканот да се држи понастрана од  нив. Во таа смисла, „мини Шенген“ или било која друга форма на супститут на европската интеграција може да значи само оддалечување од стратешките цели во политичка смисла. Исто така, оваа иницијатива може да биде прифатлива за таканаречаниот „транзициски“ бизнис кој во отсуство на знаење и умеење како да се стигне до европскиот квалитет кој ги отвора вратите на големиот европски пазар ќе се задоволат со познатите бизнис модели на балканската крчма.

Во овој момент на земјите од Западен Балкан им фали реформска динамика. Во таа смисла потребни се регионални иницијативи кој ќе помогнат во процесот на забрзување на реформските процеси чија реализација ќе доведе и до можност за поефикасно функционирање на сите регионални иницијативи под чадорот на ЕУ, а во функција на подобрување на економските перформанси и забрзување на патот до целосната интеграција во ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.