Белград: Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денешната средбата во Брисел организирана од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за лидерите од Западен Балкан е важна и дека ќе се разговара првенствено за европскиот План за раст на Западен Балкан и посочи дека Србија останува посветена на европскиот пат и внатрешните реформи.
Нашата земја останува посветена на својот европски пат и внатрешните реформи со цел влез во ЕУ, но на прво место ни е важен подобриот живот на нашите граѓани, економскиот раст и развојот на земјата, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.