НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За масите

0
By Zoran Ivanov on September 19, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рејмонд Батегеј (Raymond Battegay 1927-2016), една интересна умствена фигура; психијатар и хуманист, а веројатно и “марксист; мотивиран да ги објасни масовните фашистички злодела, верувам, се позанимавал и со психопатодинамиката на масите. Или, се занимавал малку со групна психопатологија и неа ја врзува меѓу останатото и со масите.

Ана Чупеска

Не, со групите. Не, со мноштвото. Овие ги третира како далеку поразлични видови на заеднички живот кој може да го споделуваат луѓето.

Значи, Батегеј масите ги конкретизира низ нивната психопатодинамика !

И не само тој.

Имено, не е реткост во психијатриските и психоаналитичките наоди, а задолжително(!) во анализите на социјално психолошката динамика, тие да се третираат како вид на психопатологија.

Зошто ова се изучува на овој начин? Зошто се “патологизираат” масите?

Затоа што луѓето кога се десубјективизирани во маса/толпа, поголем е потенцијалот да создадат насилни формации. Спремни се за уништување, па и за екстерминација на цели групи луѓе. Конкретно: на различните!

Така е и кај организираниот фашизам. И токму од овие причини, тој се третира како психопатолошка појавност. И тоа не е дискутабилно. Може дури, да се рече дека е општо место оти фашизмот е вид на социјална патологија.

Сепак, проблемот што се отвара пред нас, е тоа дека и денес, во ”демократски” услови, сè уште постојат опасни, но и јасни тенденции поединците да се претопуваат во маса; а потоа масите/толпите некритички да се однесуваат кон стварноста; да донесуваат одлуки кои не се рационални, па дури и штетни за нив самите; кога насилството (физичко и симболичко) станува нивен modus operandi.

Сетете се на :

24 декември

27ми април.

Бекатон протестот;

Сетете се на нелегалниот надзор; на превземањето бизниси; на медумскиот мрак и помрачина…

Но, кога зборуваме за масите, проблемот никогаш не во “голото” учество на луѓето во масата, во толпата, туку, поважно е какво е местото и која е улогата на ЛИДЕРОТ во активацијата, мотивацијата и мобилизацијата на масите. Тие, де факто не постануваат тоа, сами по себе, туку нив ги креира токму авторитарен вожд. Затоа и постои јасна разлика меѓу наводаџијата-инспиратор и задоениот реализатор. И, најбитно, масите се такви какви што се (доказливо-некритични !) најдоманантно поради авторитарноста на нивниот водач.

Оттука, масите се создаваат во услови на претходно постоење на авторитарното лидерство, а не поради тоа што луѓето се “глупави” сами по себе.

Напротив , затоа што се излажани, заведени, изманипулирани. А, тоа, секако дека може да има социјално патолошки реперкусии.

Со смртни последици.

На пр. мобилизирана омраза во кривично дело, на кое му претходи говор на омраза. Или геноцид. Или злосторства против човештвото…

Од оваа позиција неминовно се запрашав: какво е политичкото лидерство во нашите околности, денес? Дали лидерските тендеции се авторитарни, со јасна намера да се создаат некритични маси, одчовечени и дехуманизирани ?!

Или, спротивно, имаме лидерство, со демократско-еманципаторски вредности; што ги оснажнува индувидуите во нашето општество и не создава маси?

Дали, политичкото лидерство сака да управува на рамноправна и плуралистичка платформа, или, е склоно да се држи на авторитарниот ракурс ?

Оценете сами.

И сами оценете се кон што инклинирате.

Овде, не е новост да се забележат индикативни симптоми на авторитарност, но, еден забавен, деновиве, ми остави посебен впечаток и на лековерност. А, лековерноста , иако може да е акутно симпатична, таа, никако не може да биде истовремено и екскулпирачка.

Местото на министерската за финансии, мили мои, не и е “на лице место” на истражната постапка! Па уште и самата се пофали дека од УЈП и МВР и помагале: на кои учтиво им се “заблагодари”? Јавно “води истрага “ министерката за финансии?! Која е пораката што сака да ја прати ? Го помешала ресорот или имаме corpus delict на авторитарна егзибиција?

Не беше толку оддамна кога и Брат Љубе на ваков начин “водеше истраги” и влегуваше по фирми со театарски апсења и приведувања (покасно и сам стана жртва на “неговата” тетарска дружина).

И да се присетиме, дека, ништо од тоа немаше никаква врска со борбата против криминалот и корупцијата. Целта беше јасна: заплашување! Додека паралелно, интезивната пропагандата ја штимаше масата да биде нарихтана спрема ситење и сеири да фаќа.

Конечно, по оваа инверзија во ресорите, интересно е како судот ќе ги третира обезбедените докази” лично” од министерката за финансии? Дали истите ќе имаат доказната вредност со оглед на тоа дека постои јасен закон за кривична постапка во кој точно е предвидено кој, како, и што е, во секоја фаза на истражната постапка?! Или тоа, денес, не е битно, туку, важно е да “НИ” се плашат; а за народот нека има “спектакл”.

На крајот на денот, сепак, најголемата одговорност е, би се сложила со Battegay, во Лидерството. Или ќе биде демократско, или, ќе биде проследено со вакви слични авторитарни налети и ќе има тенденции да произведува маси. И ова треба да се има во предвид. Линк

Текстот е сопственост на Либертас.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.