Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За зачестените убиства и пукање по улиците, МВРО – ВМРО го обвини ланскиот снег

0
By Marija Todorovska on October 7, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За само два месеца имаме десетина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, командири, општински функционери и други. Уште поалармантна е состојбата со убиствата или обидите за убиства во Северна Македонија. Како што веќе предупреди ЦивилМедиа, ова се денови на опасно живеење во нашата земја.

Драган Мишев

Додека власта речиси секој ден најавува зголемена сигурност и безбедност на граѓаните и решителна бoрба против (организираниот) криминал и дека кримиминалците ќе се најдат зад решетки, всушност, нов вознемирувачки случај на пукотници на улиците на главниот град ги вознемири Скопјани.

Вчеравечер беше повредено 19 годишно момче од скопската населба Чаир откако во него било пукано од возило. Со четири прострелни рани повредениот бил пренесено во старата градска болница „Свети Наум Охридски“, од каде информираат дека е во стабилна здравствена состојба.

Од МВР следуваат вообичаенитештури соопштенија: полицијата работи на расчистување на случајот и трага по сторителот, додека чаршијата ги прераскажува своите верзии на настанот.

Ова е втор пат за еден неполн месец млад човек да биде жртва на огнено оружје, откако во септември исто така во пукање беше повредено уште едно младо момче.

Состојбата веќе е  и повеќе од алармантна, и се влошува од ден на ден. За само два месеца имаме десетина случаи на запалени автомобили на инспектори, началници, командири, општински функционери и други. Уште поалармантна е состојбата со убиствата или обидите за убиства во Северна Македонија. Како што веќе предупреди ЦивилМедиа, ова се денови на опасно живеење во нашата земја

Ветувањата на Владата и министерот за внатрешни работи за справување со криминалот се распрснуваат како меур од сапуница. И наместо да ги засукаат ракавите и да се фатат за работа, Владината одн. партиската ПР служба , преку соопштенија, кои наликуваат како да ги издала опозициска, а не владејачка партија, се прогласува за ненадлежна, а за проблемот го обвинува ланскиот снег.

Откако опозициската СДСМ, по пукотницата во Чаир, која според нив сведочи за целосната неспособност на министерот за внатрешни работи, Тошковски, и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, обвини дека МВР со министерот Тошковски е празник за криминалците, и секоја вечер во нашите градови има нови инциденти, пукања, насилство и криминал, а Скопје наликува на Дивиот запад, побара оставка од Тошковски, потсетувајќи дека на пукањето во Чаир, му предходеше едно во Арачиново, се случи убиство кај Мавровка, а пред тоа пукања имаше и во Синѓелиќ, Батинци, Тетово, и на Пластичарска улица, а за сите овие инциденти сторителите не се пронајдени.

Дали Мицкоски ќе покаже храброст и ќе го повика Тошковски на одговорност, или повторно ќе застане во негова одбрана, прашаа од најголемата опозициска партија, на што реплицираше ПР службата на МВРО- ВМРО, во стилот на комшика секогаш расположена за кавга, наместо да си го среди својот двор, амнестирајќи се од договорност вината ја префрла на предходната власт, дека сегашните престрелки на разулавените банди низ Скопје е директно масло на односите на СДС(М) со скопското подземје и завојуваните групи чија моќ во време на СДС(М) порасна а бизнисите цветаа, и спомнуваат заборавање и паметење на дрога по скопските улици, наводни должничко доверителски односи на врвот на СДС(М) со дилерите рекетарите и убијците за што, според нив сведочат фотографиите на учесниците.

Кога веќе зборуваме за меморија, она што спин мајсторите на МВРО –  ВМРО го забоораваат се токму фотографиите од ослободените  затвореници (нивни приврзаници) од директорот за издржување санкции, сопартиец на Панче, кои слободно се шетаат и се сликаат на средби со босови на нарко картели, и дека  беше ослободен од кривично гонење телохранителот Мицкоски, кој во февруари натепа колега полицаец кој бил во акција за сузбивање на трговија со дрога во еден ноќен клуб во Скопје.

И, како што самите велат во нивното соопштение, Народот памти…и тркалото се врти, џабе ви е колку и да си ја ишкате мувата.

Текстот е сопственост на Цивил Медиа 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.