Кијив: Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку се одржат преговори би предложил размена на територии што се под контрола на украинските сили во руската Курска област, во замена за враќање на украински територии кои моментално се окупирани од Русија.
Ќе размениме една територија за друга, изјави Зеленски во интервју за британскиот весник Гардијан.
Зеленски не прецизираше кои украински територии би биле предмет на таква размена. – Не знам, ќе видиме. Но, сите наши територии се важни, нема приоритет, додаде Зеленски.