Киев: Секоја навремена и брза испорака на воени пакети во Украина има позитивен ефект на фронтот, а секое одложување води кон негативни последици, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на средба со делегација американски конгресмени.
Секое доцнење на воените испораки има свои негативни последици на фронтот. Ги информирав американските конгресмени за актуелната состојба и перспективите“, нагласи Зеленски во вечерашното обраќање до нацијата, пренесува Укринформ.
Според Зеленски, клучно е сите, особено земјите како Соединетите Американски Држави, брзо да ги спроведат потпишаните договори.