Севернокорејските војници од недела ќе почнат да се борат со украинските сили, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој, според неименувани официјални извори во Киев, одбил да се сретне со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш по самитот на БРИКС. Тој апелираше до Западот дека е потребен „опиплив притисок“ врз Москва и Пјонгјанг поради „ескалацијата“.
Според разузнавачките податоци, се очекува Русија да ги распореди првите севернокорејски војници во борбените зони на 27 и 28 октомври. Ова претставува руска ескалација“, напиша Зеленски на X откако ја доби информацијата од врховниот командант.
Зеленски не појасни во кои борбени зони треба да бидат испратени севернокорејските војници, ниту пак даде други детали.