Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Железна купола: Израелски одбранбен систем – мит или реалност?

0
By Zoran Ivanov on April 14, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Израел го активира противоздушниот систем „Железна купола“ кој пресретна и уништил повеќе од 90% од  беспилотните летала и проектили што Иран ги насочи кон Израел.

Медиумите јавија за силни експлозии и блесоци на светлина можеа да се видат на небото над Ерусалим на 14 април околу два часот по полноќ по локално време.

Иранските беспилотни летала и проектили лансирани во невиден напад од големи размери врз Израел, почнаа да навлегуваат во израелскиот воздушен простор, активирајќи сирени за воздушен напад низ целата земја.

Но, израелскиот систем за противоздушна одбрана ги уништува дојдовните проектили пред каков било удар на земјата.

Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари објави видео изјава во која ги повтори упатствата на израелските цивили да останат во засолништата.

„Ве потсетувам дека без разлика од каде доаѓа заканата, кога ќе се огласи тревогата, мора да влезете во засолниште и да чекате таму не помалку од десет минути“, рече Хагари.

Тој предупреди дека цивилите „може да слушнат експлозии од пресретнување или паѓање на остатоци.

Што всушност е израелската железна купола?

Иранскиот напад врз Израел со дронови и проектили во јавноста ја наметна темата за одговор на прашањето што е и каква е таа „Железната купола“ која над 90 % од иранските проектили ги онеспособи да паднат над израелската територија.

На Википедија, за овој одбранбен проект, е запишано: Израелски противвоздушен  систем што работи во сите два. Развиен од израелската фирма Rafael, (Rafael Advanced Defense Systems, проектиран е да пресретнува и уништува ракети со краток дострел и артилериски гранати истрелани од далечина од 4 до 70 километри, а чија траекторија завршува во населени места.

Никој во светот нема ваков одбранбен систем: Моќната „Железна купола“ целосно ги уништи иранските беспилотни летала, уништувајќи ги сите закани во воздухот за неколку секунди, јавија светските новински агенции.

Железна купола – животното осигурување на Израелците

Израелската војска во саботата доцна навечер и во текот на ноќта во неделата собори речиси 300 беспилотни летала и проектили лансирани од Иран во остра ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Покрај помошта на Америка и другите сојузници во соборувањето на леталата, најголема улога имаше и познатата „Железна купола“, систем за противвоздушна одбрана што го претставува „животното осигурување на Израелците“.

Иран лансираше стотици беспилотни летала, крстаречки ракети и балистички ракети. Балистичките ракети се најопасни, па дури и погодија една база. Израелците прво со борбени авиони, а потоа и со „Железна купола“ ги уништуваа беспилотните летала и крстаречките ракети. Балистичките проектили беа соборени од системот „Стрела“. Наводно, и јорданските борбени авиони собориле неколку десетици беспилотни летала, а можеби и некои крстаречки ракети.

Железната купола првпат била инсталирана во 2011 година

Системот за воздушна одбрана „Железна купола“ е еден од основните елементи на израелскиот одбранбен систем, кој пресретнува стотици ракети. Развиен е од израелските компании „Rafael Advanced Defense Systems“ и „Israel Aerospace Industries“, со финансиска и техничка поддршка на САД, кои подоцна ги купија двата система.

„Железната купола“ првпат беше инсталирана во 2011 година и со уште два система, „Давидова прашка“, која штити од ракети со среден дострел и „Стрела“, која е одговорна за пресретнување и уништување балистички ракети кои би можеле да пристигнат од Иран, гарантира максимална можна безбедност од сите видови ракетни напади.

Во март 2011 година, куполата беше поставена во градот Бершева на југот на земјата, на 40 километри од Појасот Газа, со цел да се запрат ракетите на Хамас кои беа дизајнирани според советските ракети „Град“.

Секоја батерија има три фрлачи со 20 пресретнувачи кои исклучително брзо го пребаруваат, лоцираат и следат движењето на кое било тело во воздухот во радиус од четири до 70 километри. Трошоците за пукање на еден пресретнувач се нешто помалку од 50.000 долари.

Како функционира?

„Железната купола“ се потпира на систем на радар и анализа за да утврди дали проектилот што доаѓа претставува закана и го вклучува пресретнувачот само ако дојдовниот проектил претставува ризик да погоди населено место или важна инфраструктура. Тој му дава посебна вредност на системот бидејќи не троши ракети-пресретнувачи за проектили кои не претставуваат закана за луѓе или имот, приватни и стратешки. Пресретнувачот ја уништува нападната ракета во воздух и на тој начин ја елиминира заканата.

Системот лесно се прилагодува на новите закани, па дури и на оние кои сѐ уште физички не постојат на бојното поле, но може да се очекуваат во догледна иднина.

Куполата е особено важна за јужниот дел на Израел, каде што овозможи секојдневниот живот да се одвива послободно и покрај постојаната закана од Појасот Газа.

Експертите наведуваат дека постои опасност системот да пропадне во случај на потраен масивен ракетен напад, бидејќи тогаш нема да може доволно брзо да открие која од ракетите треба да биде пресретната бидејќи тие се упатуваат кон цели каде што може да предизвика човечки жртви или материјална штета.

Но, изгледа, иранскиот напад тоа го демантираше.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.