Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто да бидете филозоф?

0
By Zoran Ivanov on February 10, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се ​​биде филозоф значи и да се биде во постојан судир со неправдата, невистината, сеприсутниот примитивизам кој ни се нуди на најпонижувачки можен начин во медиумите, на социјалните мрежи, во филмовите, на секој чекор. Филозофијата е бунт против површноста.

 Радован М. Спиридонов

Досега секој кон секого се обраќаше, препукуваше, аргументираше за најавените реформи во гимназиско образование, па така нема да ве тормозам околу нејзината дрска и нестручна подготовка. Само ќе речам дека не постои гимназија на светов која не ги изучува филозофските предмети.

Зошто? Во речиси сите култури ова е незамисливо прашање и немаат одговор, затоа што возрасните од деца ги учат на филозофија. Младите едноставно мора да знаат за основите на правилното размислување, учат како правилно да ги бранат своите ставови и со претпазлива критика да расудуваат за туѓите, учат за човечките вредности и што се случува кога ќе ги закопаме. Лице в лице се запознаат со доброто и убавото, за праведното и возвишеното, за злото и грдото, за случајното и за нужното, за минливото и за вечното. Учат да прашуваат „зошто воопшто нешто, а не ништо?“ и постојано да прашуваат „зошто?“

Во денешното забрзано општество, како да живееме на „автопилот“, без да се запрашаме зошто правиме одредени работи или какви се последиците од нашите одлуки. Филозофското размислување нè поттикнува да бидеме свесни, да ја истражиме нашата улога во светот и да живееме со поголема цел.

Низ својата долга историја, филозофијата безброј пати била прогласувана за непотребна, неприменлива, застарена, едноставно мртва. Колку пати ја закопувале поединци или времиња на кои не им требала, или биле непосакувана… Повторно филозофијата воскреснува.

Како јунакот Прометеј што му го донесе огнот на човештвото, така и љубовта кон мудроста се вжари во човештвото. Неопходна за правилен и добро проживеан живот.

Оспорувана поради својата магливост и „неплодна теоретизација“, филозофијата мораше повторно и повторно да ја докажува својата важност и можноста за примена во секојдневието.

Да се биде филозоф, пред сè, значи да се промислува. Постојано да се преиспитуваме и себеси и овој технократски свет во кој живееме, сите тие можности и тешкотии, сите оние процеси на општо отуѓување и гниење на духовноста во кои на овој или оној начин сме вклучени и кои нè засегаат… иако мислиме дека се далеку од нашиот личен свет.

Во светот на брзи информации и површни мислења, филозофскиот пристап нè потсетува на важноста на критичкото размислување и самосвест. Секој од нас може да биде филозоф – доволно е да се запрашаме: „Зошто?“, „Како?“ и „Што значи сè ова?“

Не плашете се да бидете свои, излезете од калапот, надвор од својата удобност, просечност и привидна еднаквост во која упорно сме калапени, не молчете, не тргајте го погледот од сè почестите нуспојави и духовни отстапувања на општеството, поставувајте прашања.

Да се ​​биде филозоф значи и да се биде во постојан судир со неправдата, невистината, сеприсутниот примитивизам кој ни се нуди на најпонижувачки можен начин во медиумите, на социјалните мрежи, во филмовите, на секој чекор.

Филозофијата е бунт против површноста. Таа нè потсетува дека сме способни за повеќе од пасивно скролање и следење на туѓите мислења. Секој од нас, од ученик до пензионер, од работник до уметник, може да размислува филозофски. Прашањето е: дали сме подготвени да го направиме тоа? Да ја доведеме во прашање секоја лажна сигурност, да се соочиме со неудобните вистини и да ги ископаме корените на нашите верувања.

Несомнено, да се биде љубител на филозофските дисциплини значи критичко размислување за стварноста. Филозофијата не е само за оние што ја изучуваат на академијата или ги пишуваат книгите. Таа е начин на живот, повик кон длабинско размислување и преиспитување на она што го знаеме и веруваме. Да бидеш филозоф значи да поставуваш прашања, да бараш смисла и да не прифаќаш површни одговори.

Ова не е повик кон елитизмот, туку кон свеста. Филозофијата не е забранета за никого – таа е за секој што сака да живее потполно и свесно. Во свет каде што многумина живеат на автопилот, да размислуваш филозофски значи да се осмелиш да бидеш човек. Со еден збор, да се биде филозоф значи да се биде слободен, бидејќи почетокот и крајот на секоја филозофија е Слободата!

Среќно промислување!

Текстот е сопственост на Факултети.мк

 

Радован М. Спиридонов филозоф зошто
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.