Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Иран ги избра дроновите како алатка за напад врз Израел?

0
By Zoran Ivanov on April 14, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката на Иран да користи беспилотни летала т.н. дронови за да го гаѓа Израел на 13 април, ја крева завесата на новата ера на војна со беспилотни летала пишува угледниот магазин „Јерусалим пост“. Како што наведува медиумот дроновите се користат со години од многу земји. На пример, Израел беше една од првите земји во светот која беше пионер во употребата на беспилотни летала во војување уште во доцните 1970-ти и раните 1980-ти.

САД го користеа беспилотното летало „Предатор“, прво за надзор во 1990-тите, а потоа и за целни напади во раните 2000-ти. Кина стана суперсила на беспилотни летала, првенствено на комерцијално поле со продажба на дронови на Џиај. Сега е тука ерата на иранските беспилотни летала. Тоа е ера на војни со беспилотни летала на Иран а Израел очигледно сега е метата за напад.

Иранската војна со беспилотни летала дојде во Израел како надреална војна. Извештаите во текот на минатата недела и половина сугерираа дека Иран би сакал да го нападне Израел за да го „казни“ Израел за воздушениот напад за кој Иран го обвини Израел. Предметниот воздушен напад се случи во Дамаск на 1 април кога беа убиени високи ирански воени команданти.

Иран веднаш го обвини Израел. Оттогаш па наваму има се повеќе извештаи дека Иран сака да го нападне Израел. Оваа земја го испрати својот министер за надворешни работи низ регионот, вклучително и во Дамаск за да добие поддршка за ваквото сценарио. Иранскиот врвен дипломат, исто така, ги повика повеќето земји од Заливот и исто така разговараше со својот ирачки колега за евентуален напад врз Изрел, план кој изминатиот период се спроведуваше од страна на Техеран зад очите на светската јавност.

Но извештаите во последните неколку дена покажаа дека Иран може да посегне кон користење дронови како и балистички ракети. Оваа земја ги користеше тие проектили за да ги нападне американските сили во Ирак во 2020 година како одговор на убиството на шефот на силите Кудс на ИРГЦ Касем Сулејмани. Иран, исто така, користеше беспилотни летала и крстаречки ракети за да ја нападне Саудиска Арабија уште во 2019 година. Сето ова говори дека оваа земја која очигледно сака да стане регионален хегемон со години вложуваше во оваа технологија која повеќе од јасно стана моќна.

Дроновите се релативно прецизни и можат да се лансираат од различни платформи

Дроновите се исто така релативно прецизни, наведува медиумот. Овие летала можат да се лансираат и од различни платформи. На пример, беспилотните летала може да се лансираат од бродови или од камиони, тие исто така може да се лансираат од контејнери, од типот што се користат во поморскиот транспорт, или може да се влечат и лансираат од еден вид катапулт. Ова му дава на Иран многу опции за користење на беспилотните летала кои оваа земја ги развивала со текот на годините.

Иранскиот обид да користи беспилотни летала за напад врз Израел не е новитет. Во минатото армијата користеше дронови и увежбаваше активности со нив а голем дел од овие летала беа и извезувани во Русија. Русија е познато дека ги користи иранските беспилотни летала Шахед 136 за да ја тероризира Украина во последните две години од војната. Москва, исто така, претпочита да користи беспилотни летала, бидејќи тие се евтини и потрошни и нанесуваат лесен терор во цивилните области.

Од друга страна Украина имаше успех соборувајќи ги иранските беспилотни летала што Русија ги користи. Ова е позитивна работа кога станува збор за анализа на севкупната закана што може да ја претставуваат беспилотните летала. Сепак, иранските беспилотни летала го погодија објектот на Саудиска Арабија Абкаик во 2019 година, нанесувајќи му штета на извозот на енергија од Саудиска Арабија.

Искуството на Русија со иранските беспилотни летала дефинитивно им даде повратна информација на Иранците во однос на подобрување на беспилотните летала, можеби подобрување на нивната прецизност, маневрирање и опсег. Користењето на беспилотните летала е исто така продажна точка за Иран. Иран сака да го направи својот Шахед 136 и другите видови беспилотни летала бестселер и да се опреми за војна со беспилотни летала како она што го направија Советите за пушката калашников односно АК-47. Во суштина, иранските беспилотни летала се нивната верзија на АК-47, бидејќи ова стана уникатно ирански тип на оружје кога се користи како оружје односно камикази.

Сега живееме во ерата на иранската војна со беспилотни летала. Тоа е ера која многу години доаѓа како бавен воз. Иран ја зголеми моќта на беспилотни летала додека многу земји гледаа и не го согледуваа ова како реална голема закана. Тоа е затоа што иранската нуклеарна програма, неговите милиции и неговите проектили се сметаа за поголема закана. Сепак, иранската одлука да извезува беспилотни летала како технологија низ регионот и сè повеќе да користи беспилотни летала, го направи ова оружје особено загрижувачко. Линк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Од утре, 26-ти септември 2025 казни за мобилен на пешачки

ВЕСТИ September 25, 2025

Од утре стапуваат на сила нови измени во Законот за безбедност во сообраќајот кои предвидуваат…

Вашингтон: Шефот на Пентагон свика итен состанок на стотици генерали и адмирали

September 25, 2025

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

September 24, 2025

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.