Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Македонците со радост ја довикуваат олујата?!

0
By Zoran Ivanov on January 5, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Срамота е за една нација, по се низ што има поминато, да им се препушти на чипираните идиоти на вмро. Точно е дека тие се добро организирани, но перцепцијата на нивната моќ е многукратно над реалните состојби. Срамота е да се плашиме од организирана група гоњари. Ај говњари, ами говњари со токсични намери. Не само смрдливи. Смртоносни.

Бранко Тричковски

Сите луѓе се творци на климата во својата близина и во секој момент на чудесен начин ги довикуваат сонцето и дождот.

Освен во Нордот, кај што општата клима ја обликуваат оние кои ја довикуваат олујата.

Нивните лица се насловни страници на нивните состојби; нивните гестови и расположенија во заедничкиот простор, зрачат невреме.

Сакам да кажам дека тоа што го нарекуваме клима во прв ред претставува комунитарна величина, а дури потоа метеоролошка ситуација.

Тоа е одговор на прашањето зошто во Македонија климата е лоша дури и кога грее сонце.

Многу лоша.

Просто, лош е тоналитетот на егзистенцијата на Македонците.

Тој лошотилак не им е вроден, туку е произведен во митолошката кујна на вмро.

А климата што тие ја произведуваат е поодвратен амбиент отколку амбиентот на патник кој паднал од палубата на големиот крузер во океанот полн со морски кучиња.

Тие се обични сардини во однос на нашите двоножни кучиња од расата вмро.

Луѓето кои не ја поднесуваат таа клима се повлекуваат во осаменост.

Не им пречи толку самата клима колку радоста со која невремето се довикува и создава.

Од партиски сератори и гомнојадци што ги акомпанира бројната медиумска котерија.

Се кријат од спарината што ја оформува радоста на лудите.

Не им е лошо дома.

Читаат, слушаат музика, готват домашни специјалитети, го симнуваат Оливер во кујната.

Ја обожуваат Анѓела Доусон.

Но, така го ослободуваат просторот за ширење на климата која врз македонската нација и врз државата влијае пострашно отколку глобалнито затоплување врз судбината на белите мечки.

Работата е во тоа климата да ја промениме.

Не да бегаме од неа затоа што ако бегаме ќе не фати таман и во подрумите или на таваните да се криеме.

Тоа се прави по примерот на уметниците кои станувале истакнати творци на времето во своите култури затоа што околу нивните дела се собирале хармонизирани заедници.

Уметници кои не го изразувале својот внатрешен живот, тоа е погрешно толкување, туку ги кондензирале климатобилните можности на секоја група, па и на целата нација.

Уметноста и културата во поширока смисла се најважни.

Луѓето не само што се чувствителни на времето кое се формира во рамките на ова или онаа група;тие и самите делувајки или не делувајки претставуваат микросферски климатско- активни живи суштества кои ја делат областа на близината.

Врз мене делува и некој од Крива Паланка преку низата за ширење на општествемата клима.

Како се согласуваме едни со други, така живееме, а тоа како живееме едни со други, тоа ги одредува компатибилноста или некомпатибилноста на нашите животи.

Кога струната на егзистенцијата ќе се затегне во индивидуумот, таа трепери во тоналноста на расположението или на формативната клима.

Но расположението на почетокот не е работа на поединецот во привидната приватност на неговата егзистенција и во осаменоста на нивната егзистенцијална екстаза; тие се формираат како поделени атмосфери помеѓу повеќе единки кои една на друга си отстапуваат простор на близина и го исполнуваат со одредена тоналност.

Тука ќе престанам да ве гњавам со Слотердијк и по малку со себе си и ќе завршам со следниот став:

Срамота е за една нација, по се низ што има поминато, да им се препушти на чипираните идиоти на вмро. Точно е дека тие се добро организирани, но перцепцијата на нивната моќ е многукратно над реалните состојби.

Срамота е да се плашиме од организирана група гоњари.

Ај говњари, ами гивњари со токсични намери.

Не само смрдливи.

Смртоносни.

Ослободете се од стравот и респектот кон моќта.

Жената што доби Пулицер (заборавам имиња, се извинувам) си даде отказ од “Вашингтон пост” затоа што и чепкале по коментарот, па одбиле да го објават нејзиниот текст за лигавото поведение на Безос, газдата на Пост, Маск и другите милијрдери, спрема Трамп.

Нејзиниот гест е Аконкагва во однос на храброста што вие односно ние треба да ја собереме во висина не поголема од кое било високо приземје. За да се ослободиме од злото викано вмро.

И од неговата смртоносна прегратка.

Со Мицко како некаков архангел кој треба да ни соопшти дека сме мртви.

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

ВЕСТИ November 5, 2025

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација…

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.