Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Орбан ни дава милијарда?

0
By Zoran Ivanov on July 29, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Првата причина е дека е тоа типично поведение на секоја држава во анархичната структура на меѓународната политика: да ја шири својата моќ така што ќе го зголеми своето влијание, а втората е „пријателството“, поточно идеолошката блискост на двете партии на власт во Унгарија и во Северна Македонија и на нивните водачи, претпоставувам.

Денко Малески

Новинарот упорно го прашува новиот МНР зошто Унгарија ѝ дава на Македонија милијарда по така поволни услови. Освен дека ни се пријатели, не доби друг одговор. Некој ден подоцна, премиерот вели дека така се однесуваат вистински пријатели за разлика од оние што само го тапкаат по рамо и бараат отчетност за нивните пари и почитување на вредностите на либералната демократија, би додал. Па нели „нема бесплатен ручек“ во меѓународната политика? Навистина, зошто е Унгарија дарежлива кон Македонија? Особено сега кога разбираме дека Унгарија зела кредит од една милијарда од Кина, бидејќи земјата се соочува со тешка финансиска ситуација, а ЕУ замрзнала 20 милијарди наменети за Унгарија „заради отстапување од стандардите на сојузот“?

Има две причини. Првата е дека е тоа типично поведение на секоја држава во анархичната структура на меѓународната политика: да ја шири својата моќ така што ќе го зголеми своето влијание. Тоа е одговорот што ќе го добиете од припадниците на мојата фела истражувачи на меѓународната политика. Втората е „пријателството“, поточно идеолошката блискост на двете партии на власт во Унгарија и во Северна Македонија и на нивните водачи, претпоставувам.

Во анархичната структура на меѓународното општество на држави каде што, ако западнете во неволја нема светска влада на која можете да ѝ се обратите, секоја држава е во трка за некакво влијание. Во таа битка за моќ, како што покажува украинската војна, големите сили можат да го доведат светот до работ на нуклеарна војна. Истата логика важи и за малите држави: сакаат да имаат улога што ќе ја зголеми нивната моќ и со тоа и нивното влијание во меѓународните односи. Во првите години на независноста кога изби македонско-грчкиот конфликт за името, Словенија се понуди да ја преземе улогата на посредник во спорот. Потоа, Австрија преку нивниот министер за надворешни работи Алојз Мок, ја посака истата улога. Додека ја претставував Македонија во ОН, по одобрувањето на првата превентивна мисија во историјата на светската организација УНПРЕДЕП од страна на Советот за безбедност, малите земји почнаа да лобираат во македонското претставништво, за поддршка нивни контингенти војници да бидат дел од мировната мисија. Најактивен, се сеќавам, беше чешкиот претставник.
И Северна Македонија, и колку да е мала како држава, би сакала да се јави како посредник во нечиј спор и така да го зголеми своето влијание во меѓународните односи. Значи, самата структура на меѓународното општество на држави во која големите се борат за доминација, а малите за опстанок, ги поттикнува земјите да се борат за моќ и за влијание кое во меѓународната политика е истото она што е капиталот во меѓународната економија.

Случајот со Унгарија не е ништо поразличен: таа држава сака да има влијание врз нашата држава и преку неа врз Балканот. Амбициите на Орбан не завршуваат тука. Иако свесен за специфичната тежина на својата мала држава во свет со кој владеат големите, тој сака учество во решавање на најголемиот конфликт на денешницава: руската војна против Украина. Макар како иницијатор на еден мировен процес, а не како посредник. Орбан експлицитно рече дека знае колкава е моќта на Унгарија и дека таа не може да има посредничка мисија. Но, и со мировната мисија тој сака да го зголеми влијанието на малата Унгарија во светската политика. Тоа е „the name of the game“ во светската политика.
Втората причина е идеолошка. Помош за истомисленици. Во меѓународните анализи, ВМРО-ДПМНЕ и Фидеш се именуваат како национал-популистички партии. Нивната девиза е: „Ние сме народот“. Тоа ги води во судир со плурализмот зошто народот не би требало да се судира со самиот себе, нели? „Кога национал-популистите ја истакнуваат идејата за слобода и еманципација, тие не ги сфаќаат нив либерално-универзално туку како дел од националната свест, во која странците, а посебно муслиманите, немаат удел“, ќе заклучи Милер, професор на Принстон. Кај нас, претставниците на либерално-демократскиот наратив велат дека ВМРО-ДПМНЕ е само една од мноштвото партии и дека нема монопол врз толкување на волјата на народот, патриотизмот и идентитетските теми. Дека државниот интерес го дефинираат сите партии учеснички во демократскиот процес, а не само на една партија. Но, како да се води дијалог со претставници на национал-популистичка партија раководена од мотото: „Ние сме народот“.

Орбан не го сака плурализмот ама ја сака демократијата што го произведе двотретинското мнозинство на неговата партија со кое го менува политичкиот лик на земјата. Бидејќи таа политика се коси со либерално демократските вредности на ЕУ (независно судство, поделба на власта, слобода на печатот, човекови права…), тој е во перманентен судир со Брисел, но и со Вашингтон. Но, новата власт да биде многу внимателна. Применети во мултинационална Македонија, овие идеи на европските и унгарските популисти се рецепт за катастрофа. Тие водат кон пораст на национализмите, продлабочување на поделбите и можни етнички конфликти. Нашиот спас е само во афирмација на либерално-демократските вредности споделени со ЕУ и со Америка. Нашиот спас е во слобода и еманципација сфатени како универзални вредности за сите наши народи, вредности што сечат преку етничкиот јаз и обединуваат. За жал, во голема неволја сме. На тврдата балканска почва не никнува нежното цвеќе на либералната демократијата. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

ВЕСТИ September 28, 2025

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот…

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025

The Times of Israel:  Планот на Трамп за Газа – Израел ќе ја повлече војската и Палестинците нема да бидат раселени

September 27, 2025
ТИКЕР

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025

Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

September 27, 2025

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

September 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.