НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто Владимир Путин не се повлече од Балканот?!

0
By Mirjana on February 15, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Проф. д-р Марјан Ѓуровски

Решението на руско-украинската криза Владимир Путин го условува со замрзнување на политиката на отворени врати на НАТО. Во период кога настаните се менуваат како на филмска лента и Русија ја губи психолошката војна на меѓународна сцена, треба да се отвори темата- зошто кога Путин веќе поставува разно-разни услови, не се покрене  прашањето за обезбедување на гаранции за руско повлекување од Балканот, бидејќи Москва е извор и поттикнувач на нестабилност.

Балканскиот регион е дел од хибридниот конфликт меѓу Западот и Руската Федерација. Потребно е да се подигне нивото на свесност за ширењето на руското влијание и интереси на Балканот кое е силно изразено врз регионот.

 

Основна цел на руската стратегија за Балканот е успорување на НАТО и ЕУ интеграцијата на земјите од регионот и корупција на демократските системи и ширење недоверба кон НАТО и кон ЕУ. Пропагандата е традиционална руска мерка кон Балканот, која цели кон словенските православни заедници, а главната порака е „специјалната врска“ која ја имаат со Русите. Четирите посебни цели на Руската Федерација (РФ) се: Влијание во процесот на донесување одлуки во секоја поединечна држава од регионот; Освојување на „срцата и умовите“ на народите од регионот; Ерозија на институциите и политичкиот систем преку поттикнување недоверба во демократските и државните институции, како и интраетничка, интеретничка, социјална, културна и политичка  поларизација на општествата, што води кон лошо владеење во секоја поединечна држава од Регионот; Зголемување на енергетската зависност во Регионот.

Рускиот модус операнди на проектирање влијание на Балканот се спроведува преку следните алатки на нивниот хибриден апарат:

  1. Класични надворешно – политички средства за влијание;
  2. Продор на Руските разузнавачки служби во дел од општествената елита и институциите на поединечните земји преку директна или посредна корупција;
  3. Отворена или прикриена поддршка на политички партии или групи во поединечните држави од регионот и мешање во изборните процеси и кампањи;
  4. Економски средства: финансиски компании, бизнис и руски олигарси;
  5. Енергетиката како геополитичка алатка: регионот е зависен од руските енергенси (нафта, гас, атомска енергија);
  6. Пропаганда преку медиуми, невладини организации и социјални мрежи;
  7. Проектирање влијание преку култура, академска средина, спорт и останати општествени групи и појави кои го оформуваат светогледот на населението;
  8. Владини и невладини организации кои потекнуваат од Руската федерација или се формирани во поединечните земји. Најактивни во регионот се Россотрудничество и Руски мир (Руски свет);
  9. Влијание врз различни маргинални групи: здруженија на воени ветерани и активен безбедносен персонал, навивачки групи и др;
  10. Руската Православна Црква (РПЦ): РПЦ и владејачката елита делуваат преку комплементарен однос на заемна соработка заснован на идеологија, која како парадигма е вметната во културата на руското општество. На централно ниво, Руската православна црква директно соработува со МНР и Руската разузнавачка служба;
  11. Спрега Руската разузнавачка служба– и подземјето.
  12. Билатерална воена соработка и рускиот воено – индустриски комплекс;
  13. Најнова алатка на Руската федерација е комбинираното влијание од заеднички интерес на надворешната политика на повеќе држави.

 Жешки точки на Балканот

 Најчесто користени тактики и техники на РФ на Балканот: користење „прозорци на можности“, информациски операции, рефлексивна контрола, одржување, засилување и креирање „замрзнати конфликти“ и користење „влијателни руски бизнисмени“. Во моментот, точки со најголем „прозорец на можности“ на Балканот, односно „жешки точки“ се: Дијалогот Србија – Косово, состојбите во БиХ поврзани со Р. Српска.

Руското делување на Балканот е дел од пошироката стратегија на Путин за поткопување на демократијата и западните вредности во целиот Западен свет со цел зајакнување на позициите на Руската федерација. Активно учествува на меѓународната сцена и креира слика на светска сила која има конструктивна улога во меѓународните односи, но во суштина одржува отворени и замрзнати конфликти. Користат нелинеарен пристап да креираат перцепција дека западните вредности се лажни и дека ЕУ и САД се неуспешни актери на Балканот.

Запирање на ширењето на НАТО и ЕУ на Балканот?!

Руски најважни интереси на Балканот, вклучително и кај нас се: Да го запре проширувањето на НАТО и ЕУ во регионот (од земјите кои се вклопуваат во руската стратегија за неутралност на Балканот:  Србија е воено неутрална, Црна Гора е НАТО членка, Македонија е 30-та членка на НАТО, а БиХ е назад во пристапниот процес заради политичкиот став за воена неутралност на Република Српска); Да ја прошират енергетската зависност во регионот, правејќи ги земјите зависни од руската енергија; Да го забават процесот на ЕУ интеграција во регионот (сите земји од регионот, вклучувајќи ја и Србија имаат стратешка цел да станат членки на Унијата): Да проектира мека сила во регионот преку сите можни инструменти на националната моќ.

Со цел да ги остварат своите интереси ги користат сите расположливи инструменти на национална моќ, проектирајќи го руското влијание во регионот. Тоа е координирано и централизирано од Москва, со користење на старите техники од времето на студената војна, како што се советската стратегија за рефлексивна контрола, комбинирано со „информациски операции“. Интенција е

да се креира „замрзнат конфликт“ или „status quo“ во регионот. Русија ја форсираше стратегијата на неутралност на Балканот, убедувајќи ги земјите од регионот да останат надвор од НАТО и ЕУ. Тоа е користење на нелинеарен пристап за креирање на перцепција дека западните вредности се погрешни.

Алатки за проектирање на замрзнат конфликт на Балканот

За да го задржат нивното присуство и да ги проектираат нивните национални интереси во регионот,вклучително и во македонската држава, од страна на Русија се користат различни начини и средства, од класични политички активности, разузнавање, влијание на бизнис елитите и политичките партии, во економијата и енергијата, медиумите, културата, академската сфера, невладини организации во земјата со потекло од Русија или основани во други држави. Поконкретно, креираат лажни вести, дезинформации, провокации, лобирање, креирање на перцепција на кризи и опасности. Тие ги користат „прозорците на можности“ за да ги обликуваат информациите и настаните кои ќе бидат во согласност со руските политики. Србија и Грција остануваат точки на најголем интерес, точки на најголем продор и влијание се Србија и Бугарија, а точки со најголем „прозорец на можности“ се БиХ (Р. Српска), Црна Гора и кај нас. Тоа се спроведува и преку користење на билатералната соработка и договори со одредени земји, во некои случаи користење на воени хардвери и технологии како мамка.

 Руската православна црква- алатка во рацете на Руските разузнавачки служби

 Највлијателен медиум за пренос на пораките од Кремлин и креирање на перцепција е „Спутник“. Постои мрежа од електронски медиуми задолжени да го шират „одекот на руското ехо“. Темите и пораките се шират многу брзо креирајќи проруска перцепција на самите вести. Најсофистицирано средство е координираното влијание на Руската Православна црква. Во доменот на културата се фокусирани на образование во руските универзитети, активности

на руските културни центри, средни училишта. Цели на пропаганда се десничарски националисти од ниска и средна класа и маргинализирани групи, (кај нас има околу 10-тина полноправни члена и 60-80 неполноправни членови и поддржувачи  (н.з. полноправното членство во познатиот Клуб претставува сложен процес на регрутација).

Москва успешно ја користи економијата и особено енергетиката како алатка во хибридниот конфликт меѓу Русија и Западот, и за проекција на влијание во Регионот. Покрај енергетската зависност од руски природен гас и недостаток од ефтини алтернативи за достава од други извори, значајно е учеството на руски државни и приватни компании во нафтената индустрија во регионот.  Обидите за добивање поголем удел во железничката и во патната инфраструктура имаат ограничени резултати. Руските компании со своите удели во банкарскиот, како и во финансискиот сектор воопшто, имаат добри регионални резултати. На ниво на индустриско присуство, руските инвеститори имаат различни резултати во земјите, но генерално се на ниско ниво. Учеството на физички и на правни лица во бизнисот со недвижности и во градежништвото е значајно и покрај детектираниот тренд на намалување во изминатите пет години на тоа поле.

Економското и енергетското влијание и инвестиции на Руската Федерација во регионот се аплицирани со различен степен во секоја од балканските земји. Доколку се рангираат земјите на Балканот по овој фактор, листата би била со следниот редослед: Бугарија, Србија, Грција, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Македонија, Албанија и Косово.

Русија политички го загуби Балканот во 90-тите години

 Русија политички го загуби Балканот во 90-тите години, во време кога на нејзино чело беше претседателот Борис Елцин. По доаѓањето на Владимир Путин на чело на Русија работите со текот на времето се променија. Елцин сметаше дека амбициите на балканските земји за евроатлантски интеграции се нивна работа, иако влегување во НАТО не и беше по воља на Русија. Путин, особено по 2007 година ја промени политиката на Елцин и беше категорично против влегување во НАТО. Тој воведе стратегија за настап на Балканот со „економија и култура“, а за политичкиот дел остави работите да заземат свој тек, се разбира не во буквална смисла. Во изминатиот период се преземаат чекори  за поблиска политичка соработка, иако Балканот е поблиску до ЕУ и до НАТО. Па така, до денес членки на НАТО станаа Романија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија , а првите четири од нив се членки и на ЕУ.

Значи во официјалните документи, Балканот не е од стратешки интерес за Русија. Тој е изгубен за неа. Остана само мало острово од неколку држави, кои исто така ќе заминат во НАТО и ЕУ, па Русија веројатно преку својата политика ќе нема за кого да се интересира. Овде би го искажалe ставот на московската Карнеги фондација, според која,  „Русија на Балканот се стреми да си ја зачува за себе репутацијата на влијателна светска држава и да ја отежне  интеграцијата на државите од регионот во евроатлантските структури. Тие цели Москва ги турка со нискобуџетски методи – впечатливи симболични гестови и пропаганда. Притоа, Кремљ не е подготвен да вложува во таа насока сериозни ресурси, бидејќи зацврстувањето на позициите на НАТО на Балканот не создава директни закани за безбедноста на Русија. Од друга страна, Москва е убедена дека Западот се стреми да ја поттисне од постсоветското пространство, па затоа нема стимул да ги поддржи неговите обиди за конечно решавање на балканските конфликти“. Преведено на обичен јазик, ова погоре значи дали Западниот Балкан е во приоритетите на официјалната руска надворешна политика. Москва е подготвена да ги следи своите цели во регионот само до тогаш, додека од неа не се бараат сериозни влогови. Во прилог на ова зборува и новата  концепција за надворешната политика на Русија. Таа беше промовирана од претседателот Путин во декември 2016 година  и во неа Балканот не се ни споменува. Има еден општ став дека Русија со почит ќе се однесува кон изборот на европските држави кои не влегуваат во воени алијанси. Тие држави, се вели, внесуваат реален влог во обезбедување на стабилноста и безбедноста во Европа и Русија е подготвена за конструктивна  многустрана заемна соработка со нив. Дали овде треба да се бараат некои балкански земји?

(Авторот е универзитетски професор)

15.02.2022 КОЛУМНА ЃУРОВСКИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.