НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е Виктор Орбан и има ли заслуги за Македонија?

0
By Светлана Јовановска on December 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во последно време во Европа унгарскиот премиер Виктор Орбан ретко се споменува. Се чини дека европската бура што се истури врз него стивна и дека во Унгарија повторно е се во ред. Повеќе не слушаме дека Унгарија е “Обанистан” или “демократура” како што тоа можеше да се прочита.

Но, за многумина критичари во Европа, Орбан е ултралиберален радикал кој флертува со популизмот и понекогаш ја потценува демократијата.

Унгарскиот печат посвети многу малку простор за одренот што Орбан го доби од македонскиот претседател. Некои медиуми се прашуваа што е тоа што Орбан го направил за Македонија а извештаите од посетата се фокусираа на неговото обраќање на економскиот форум и изјавите дека Балканот не е товар за Европа туку нејзина шанса.

Тешко е во неговата политичка кариера да се најдат чекори за „афирмирањето и јакнењето на меѓународната положба и угледот на Македонија“ за што се доделува орденот 8 септември. Унгарија и е пријател на Македонија и тоа била отсекогаш. Премиерот Орбан смета, како и многу други ЕУ земји, дека Македонија мора да стане членка на ЕУ и НАТО и не ја поддржува грчката блокада. Но, значи ли тоа дека треба да им дадеме ордени на сите политичари вербално не поддржуваат? Додека Унгарија на пример претседаваше со ЕУ Македонија не виде посебна корист и не успеа да го пробие грчкото вето.

Орбан во втор пат стана премиер во 2010 година. Првиот пат тоа беше во 1998 година кога Орбан, на 38 години, стана најмладиот премиер во Европа, образуван во Оксфорд со стипендија од фондацијата Сорос.

Неговиот прв мандат не беше крунисан со голем успех но ни со големи промени во општеството. Но по осумте години опозиција Орбан одлучува да ја реформира земјата според неговата замисла. Само неколку месеци по неговото доаѓање на власт, Унгарија станува европската земја која почнува да ги полни медиумите во Европа со вести.

Добриот студент Орбан кој доби стипендија од Сорос за Оксфорд е приврзаник на британската либерална филозофија од 17 век и добар познавач на Џон Лок. Но неговото владеење е пред се базирано врз обсесијата и стравот од комунистите. Во неговиот прв мандат како премиер тој изгуби од социјалистите. Неговите блиски објаснуваат дека сето тоа е трауматизам за Орбан кој смета дека сите остатоци од поранешниот режим мораат да бидат исчистени.

Првиот чекор на Орбан како премиер е уставниот амандман за двојно државјанство за унгарското малцинство кое живее надвор од земјата. Но вистинскиот шок доаѓа со усвојувањето на законот за медиуми кој е критикуван на сите четири страни на Европа и од сите меѓународни организации.

Законот е протолкуван како напад врз слободниот печат и начин за контрола на медиумите. Текстот воведува совет за медиумите кој е составен од членови или блиски на Орбановата партија Фидеш, бара од новинарите да ги откриваат изворите на информации во текстовите кои се врзани со националната безбедност и воведуваше високи казни.

Европската комисија (ЕК), која нема ингеренции во област на медиумите, сепак наоѓа начин да реагира и бара од Орбан да донесе амандмани на законот и да ги избрише најконтроверзните елементи како високи санкции. Така според измените новинарите нема да мораат да ги откријат своите извори.

Во 2011 година, со гласовите на Фидеш, донесен е нов Устав. Тој е конзервативен и е и тој критикуван во Европа пред се поради неговите референци на христијанските корени на земјата, афирмирање на бракот и заштитата на животот од неговиот почеток што за многумина беше пат за да се забрани абортусот или доделувањето на унагрско државјанство на Унгарците во соседните земји.

Потоа, централната банка на земјата добива право на вето врз буџетот на земјата а претседателот добива право да го распушти парламентот во таков случај. Уставот исто така ретроактивно ја фрла одговорноста за злосторствата направени за време на комунизмот врз Социјалистичката партија на Унгарија каде што има многу членови од поранешната комунистичка партија.

Проблематични беа и ордените доделени на новинар познат по своите настапи против Ромите и Евреите, на еден археолог познат по своите расистички тези и еден пејач кој не крие дека е симпатизер на екстремната десница. Еден од блиските соработници на Орбан го опиша Ромите како “животни кои треба да се истребат”, забелешка на која Орбан не реагираше.

Орбан не реагираше исто така кога поетот Алберт Вас кој го опејува унгарскиот национализам и кога уште двајца писатели антисемити влегоа во училишните програми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.