Денешното судење на членовите на Левица Здравски Савески и Владимир Куновски обвинети за демолирање на канцеларијата на Иванов повторно е одложено. Одбраната на обвинетите се уште не го добила вештачењето со што не може да ја подготват листата докази за денеска.
Како што тврди адвокатот Сашко Дуковски вештачењето е битен елемент за тие да можат да ја подготват одбраната. Досега вештачење добил само еден од обвинетите и тоа вчера попладне.
Обвинтелката Снежана Бундалевска посочи дека одбраната можела да се координаира со клиентите и денеска да дојде подготвена на судењето, освен како што таа посочи „ако не се работи за тактизација“.
Адвокатот во жестоката расправа и реплицираше дека невозможно е за помалку од 24 часа да се подготвува одбраната која го нема вештачењето.
И двете страни се согласија дека мерката за притвор е бесмислена, но сепак обвинетите демонстранти остануваат во куќен притвор.
Судот го одложи рочиштето за 10 јуни.
Членовите на Левица денеска пред Основниот суд одржаа протестна прес конференција на која побараа укинување на куќниот притвор за нивните двајца членови, бидејќи се работи за политичка одлука за ослабување на партијата и на протестното движење.




