Членовите на новоформираната партија Левица со протестна прес конференција денеска пред Основниот суд Скопје 1 побараа да се прифати предлогот за укинување на мерката притвор за нивните членови Здравко Савески и Владимир Куновски. Двајцата демонстранти кои се товарат за демолирање на Народната канцеларија на Претседателот се во притвор 36 дена, а според Левица тие најверојатно ќе се држат во притвор со максималниот законски рок од 60 дена.
– Ваквата мерка е престрога со оглед на доказите и со оглед на тоа што тие немаат претходно сторено кривичени дела. Ваквиот куќен притвор е политичка мерка со цел да се ослабе Левица и протестното движење, изјави Бранимир Јовановиќ член на партија.
Јовановиќ потсети и на тоа дека Иванов аболицирал лица за тешки кривични дека додека во притвор се држат лица кои излегле на протест.
Инаку во моментов се очекува да започне судење на Савески и Куновски. Савески во судот пристигна пред малку во полициска придружба, а неговите сопартијци го пречекаа скандирајќи „Слобода“.
Судењето се уште не е започнато.





