Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За предизборниот молк „галамата“ ќе се префрли на Фејсбук

6
By Нова ТВ on December 7, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 7, 2016 13:41

На денот на предизборниот молк, партиската пропаганда и играта за добивање повеќе гласови на изборите, ќе доживее кулминација на социјалните мрежи и порталите каде регулацијата е минимална или непостоечка, очекуваат познавачите.

Во Македонија на денот на изборниот молк, во сите медиумите 24 часа е забрането политичко рекламирање на партиите, со што на граѓаните треба да им се остави простор самите да донесат одлука за кого ќе гласаат. Повеќе за правилата за известувањето во предизборниот молк, на следниот линк.

Но овие правила не важат за социјалните медиуми, а дополнително е нејасно колку истите важат за веб порталите кои во Законот за медиуми имаат многу лабава регулација, која единствено им налага регистрација.

Предизборниот молк станува бессмислен со зголемувањето на информирањето преку дигитални медиуми, затоа што единствено радиодифузерите и печатените медиуми се обврзани да го почитуваат, смета Зоран Ричлиев, стручњак за дигитални медиуми.

„Очекувам битката за гласови на ден пред избори да се префрли на порталите, но многу повеќе токму на социјалните мрежи затоа што таму не постои никаква регулација и саморегулација “, вели Ричлиев.

И новинарот Зоран Бојаровски очекува жестината што се фокусира во финишот на изборната кампања, да се „префрли“ и во периодот на законскиот молк – на социјалните мрежи.

„Овој пат, како никогаш досега, особено двете партии претенденти на победата, бездруго имаат стратегија да ги преплават социјалните мрежи бидејки тие не се опфатени со законски пречки. Нема шанси да зборуваме за ферплеј и за џентлменски договор бидејќи и  за едните и за другите влогот е преголем: да се биде или не! Таков печат остава досега жарот на политичките настапи и на едните и на другите“, вели Бојаровски за НОВА.

Според него, токму поради фактот што порталите беа изземени од Законот за медиуми, како и од Законот за аудио и аудиовизуелни услуги, тоа е полето за жестока пресметка на двете страни за време на молкот.

„Воопшто немам илузија дека тоа нема да биде така. Интересно ќе биде да се види како Ад-хок телото за мониторинг на изборната кампања преку медиумите ќе ги третира интернет платформите на традиционалните медиуми. Бидејќи во Македонија одамна се протерани политичката и медиумската култура и коректните и фер избори (колку тоа апсурдно звучи), уверен сум дека традиционалните медиуми ќе ја искористат правната празнина и својата брутална клиентелистичко-вазалска ролја ќе ја демонстрираат и во перидот на молкот на нивните интернет портали “, додава Бојаровски.

Предизборниот молк на социјалните мрежи е невозможен

Според Виктор Дано, сопственик на порталот „IT.MK“, социјалните медиуми и вистинските медиуми се слични само по име и не постои техничка можност да се спроведе технички предизборенмолк на интернет.

Фото: РСЕ

„Едните креираат содржина и информираат, на другите маса луѓе дистрибуираат постови со кои го покажуваат своето гледање на светот, без врска дали нивното убедување се основа на вистински или лажни информации (за корисниците не постојат стандарди). И масата на луѓе и виралноста на постовите не може да се задржи со застарени правила за традиционални медиуми. Можеби официјалните профили ќе молчат, но ќе има доволно загрижени граѓани и партиски фанатици кои ќе продолжат со дебатитe и споделување политички пародии“, вели Дано.

Агенцијата за медиуми не врши надзор врз порталите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги нема да врши надзор врз изборното медиумско претставување на интернет порталите, бидејќи според нив не постојат предуслови за тоа. „Со измените на Изборниот законик од ноември 2015 година, Агенцијата е задолжена да го следи изборното медиумско претставување, покрај на радиодифузерите и на електронските медиуми (интернет портали). Истовремено, Законикот не го дефинира поимот „интернет портали“, ниту неговиот опфат. Ваква дефиниција, како што е познато, нема ниту во другите домашни закони. Нема утврдено ниту формална дефиниција за тоа што е веб портал, исто така порталите може да бидат регистрирани и во други земји а да функционираат во Македонија“, се вели во соопштението на Агенцијата.

Во Македонија нема регистар на интернет портали, како што има регистри на издавачи на печатени медиуми, на радијата и на  телевизиите. Во европската регулаторна практика од Агенцијата не нашле примери за мониторинг врз содржините на интернет медиумите од страна на регулаторните тела како што е Агенцијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.