Published: Thursday, May 28, 2026 19:05
Винтертур: Најмалку четири лица се ранети утрово во напад со нож на железничка станица во северна Швајцарија, соопшти локалната полиција, објави „Еуроњуз“.
Осомничениот напаѓач, идентификуван како 31-годишен швајцарски државјанин, е уапсен.
Инцидентот се случил на железничката станица Винтертур наутро кратко по 8:30 часот. Трите повредени лица, на возраст од 28, 43 и 52 години, биле однесени во болница на лекување. Швајцарскиот весник „Блик“ објави видео снимка на која се гледа како маж истрчува од железничката станица и извикува „Алаху акбар“.
Во полициското соопштение се вели дека полицајците работат на откривање на мотивот за нападот.




