НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто 25 ноември е ден за борба против насилството врз жените

0
By Светлана Јовановска on November 25, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Застрашувачки бројки стојат зад насилството врз жените. Статистиката вели дека секоја трета жена во светот била жртва на насилство а 7 отсто жени во светот биле силувани. Над 85 отсто силувања се дело на блиските роднини на жената. Во развиени земји како Франција секој ден една жена умира под ударите на нејзиниот партнер. Над 40 отсто од брачното насилство започнува за време на првата бременост. Во светот 15 милиони млади девојки се жртви на договорен брак пред да наполнат 18 години. Итн, итн… насилство за кое се молчи… од страв од нови удари, од страв што ќе кажат другите, од финансиска независност, од недоволната ангажираност на институциите во борбата со  него.

Во 1999 година Обединетите нации го одбраа 25 ноември за ден на борба против насилството врз жените. Датум што не е одбран случајно.

На тој ден во 1960 година беа убиени три сестри во Доминиканска Република.

Пеперутките Минерва, Патрија и Марија Тереза Мирабал

Приказната на Минерва, Патрија и Марија Тереза Мирабал е започнува со нивната борба против дикаторот Рафаел Трухиљо во нивната држава. Минерва студирала право и подоцна станува првата жена доктор по правни науки. Таа била левичарка и одржувала контакти со комунистите. На Трухиљо му се допаѓала Минерва и се обидел да и се приближи но таа го одбила. Веднаш потоа таткото на Минерва бил уапсен и мачен а и други членови на семејството биле ставени во затвор. Иако Минерва станува доктор, Трухиљо и ветува дека ќе стори се за да не и дозволи да ја врши нејзината професија.

Сестрите Мирабал

На 25 ноември 1960 година трите сестри тргнуваат во посета на нивните мажи кои се во затвор и никогаш не стасуваат на својата дестинација. Трите сестри се убиени со нож.

Нивната трагична судбина му даде име на регионот од кој сестрите потекнуваат и тој денес се вика “Херманас Мирабал” (Сестрите Мирабал) а и новчаницата од 200 пезоси исто така ги носи нивните ликови. Напишани се и книги за нивната трагична судбина како романот “Во времето на пеперутките” на Јулија Алварез.

Во 1999 година Обединетите нации го прогласуваат овој ден за ден на борба против насилството врз жените.

Македонската влада вети борба против ова насилство

Во многу земји денес се одржуваат протести со кои учесниците сакаат да ги потсетат властите дека жените во целиот свет, без разлика на богатството и развојот на земјата, се жртви на насилство најчесто од нивните сопрузи, но и таткоци, браќа и други лица. Жените и денес се помалку платени од мажите за истата работа.

Собранието на Република Македонија, заедно со други значајни знаменитости во светот, беше вчера осветлено во портокалова боја во поддршка на ставањето крај на насилството врз жени, со што беше означен почетокот на глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

Вчера премиерот Зоран Заев вети дека ќе бидат донесени закони против ова насилство:

“Насилството врз жените е кршење на основните човекови права. Ние како Влада ветивме пред граѓаните на Република Македонија дека ќе работиме на унапредување на човековите права и затоа сме посветени на системско унапредување на родовата еднаквост и елиминирање на сите форми на насилство врз жените”, рече Заев на свеченоста во Собранието на кое против ова насилство зборуваа и претседателот на Собранието Талат Џафери, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, и постојаната координаторка на Обединетите нации во земјата Луиза Винтон.

Националната мрежа против насилство врз жените го отвори првиот фонд за парична помош на жени жртви на насилство кои сакаат да ја напуштат насилната средина.

“Идеја за формирање на фонд постои одамна, тоа е формирање на интервентен женски фонд кој што ќе дава иницијална поддршка на жените кои што преживеале насилство и кои што сакаат да излезат од тој насилен круг. Оваа 2017 година за осми март, Националната мрежа доби донација од Општина Центар, од тогашниот градоначалник Андреј Жерновски, во износ од 90.000 денари. Оваа донација ние решивме да биде првата донација за фондот и со неа да го отвориме“, вели Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа.

Националната мрежа прави своја статистика за жртвите, статистика што досега практично не постоеше.

25 ноември Ден на борба против насилството врз жените Доминиканска Република Обединети нации сестрите Мирабал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.