Сузана Јошевска-Анастасовска Во поново време, Љубомир Јовески е еден од ретките кој го заврши својот мандат без разрешување, а сигурно во тоа му помогна фактот што во текот на целиот негов мандат драстично не се промени политичката структура. Но, тоа што Коцевски дозволи истите тие што сега, според него, од политички причини го разрешуваат, да поентираат со “принципиелност”, што дозволи да работи со „мета на главата“ и што направи терен за незадоволството на семејствата од трагедијата од Кочани секогаш да може на него да му се препише доколку е во моментот политички опортуно, е чисто негова лоша проценка и резултат на одбирање на сопствената кариера пред јавниот интерес.
Извор: Слободен печат.мк