Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

0
By Zoran Ivanov on November 15, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 15, 2025 11:29

Вашингтон: Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека следната недела во САД најверојатно ќе поднесе тужба против Би-би-си и ќе бара отштета од една до пет милијарди долари поради монтажа на неговиот говор од 6 јануари 2021 година, денот кога неговите поддржувачи го упаднаа во Капитол.

Ќе ги тужиме најверојатно следната недела за отштета од една до пет милијарди долари. Мислам дека треба, во смисла дека дури и признаа дека тоа е измама. Ги извртеа моите зборови, посочи синоќа Трамп.

Трамп наведе и дека за време на викендот планира да разговара со британскиот премиер Кир Стармер. Според американскиот претседател Стармер се обидел да го контактира и оти е „многу засрамен“ од инцидентот.

Адвокатите на Трамп првично ѝ дадоа на Би-би-си рок до вчера да го повлече својот документарец или да се соочи со тужба од „не помалку од“ една милијарда долари. Тие исто така побараа Би-би-си да се извини и да му надоместат на Трамп за „значително нарушување на репутацијата и претрпената финансиска штета“.

Британскиот јавен сервис призна дека монтажата на говорот на Трамп било „погрешна процена“ и пред два дена испрати лично извинување до американскиот претседател. Но, Би-би-си тврди дека Трамп нема основа за тужба.

Документарецот на Би-би-си вклучува три извадоци од говорот на Трамп, изменети за да изгледа дека тој го поттикнал нападот врз Капитол. Неговите адвокати наведоа дека документарниот филм е „манипулативен и клеветнички“.

 

Би Би Си одштета Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026
ФОКУС
April 1, 2026Updated:April 1, 2026

Први април – ден на шегата и ден на лагата што треба да насмее

ВЕСТИ April 1, 2026

Во многу земји ширум светот денеска се одбележува Светскиот ден на шегата, 1 април, а…

Белград: Владан Ѓокиќ: Не дојдоа да истражуваат – дојдоа да понижат

April 1, 2026

Скопје: Априлијада – суперхерои, принцези, бубамари, пчелки, …

April 1, 2026

Ленче Ристоска ќе остане без Талир 1 и Талир 2 – обвинителските предмети против ВМРО-ДПМНЕ ќе и бидат одземени

March 31, 2026
ТИКЕР

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026

Невреме во Хрватска – затворени училишта, паднати дрвја, навеви снег, колапс на јавниот превоз

March 27, 2026

Во главниот град на Бугарија се запленети околу еден милион фалсификувани евра

March 25, 2026

Трагедија во Турција – се урнаа две згради, во тек е спасувачка акција

March 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.