Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќосето и СДСМ во Мциленд

0
By Zoran Ivanov on July 29, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Оваа пропуштена можност да се создаде нов СДСМ кој ќе биде поинаков СДСМ од оној на Заев скапо ќе не чини нас, обичните луѓе, во политичка и економска смисла. Тоа практично значи дека, како што впрочем пред некое време и антиципирав врз основа на други аналитички параметри а денес уште повеќе, дека дпмне мицковистичко, влен и знам ќе бидат режим две децении, најмалку.

Тони Науновски

Доволно беше само едно мошне глупаво партиско соопштение од СДСМ за исклучително радосниот настан – поставување на споменик на Андон Лазов Јанев-Ќосето, Македонски револуционер и значајна историска личност, учесник во Илинденското востание – за да не потсети на најлошите свои партиски времиња, оние кога беше управувана од Заев. Да не потсети сите нас кои некако неодредено се надевавме и посакувавме дека СДСМ со нивниот нов претседател (додуше, веќе и не е нов, помина доста време) ќе биде нешто друго од она СДСМ на Заев. Односно, дека новиот претседател ќе значи и нов СДСМ, не оној на Заев. А вчера, со само едно партиско соопштение, всушност СДСМ си го покажа своето старо политичко лице… и новото.

Со логична претпоставка дека претседателот ги одобрува партиските соопштенија пред да се достават до медиумите (иако сепак останува можноста таму некои кадри на Заев сами да си пишувале глупости), вчерашниот ден оначува крај на една голема и за жал веројатно и единствена можност за демократско соборување на диктаторскиот режим на мцковистичко дпмне, влен и знам. За жал, поради поставеноста на работите во мошне ретроградниот политички дискурс во мициленд објективно само голема партија може да биде предводник на широк, инклузивен процес на обединување на сите оние кои од различни причини се незадоволни од овој режим.

Немаше друга политичка сила освен новото СДСМ кое можеше на избори со проширена пржинска влада да го победи мицковистичко дпмне и со тој факт на ум дотолку е полош вчерашнот ден за Македонскиот народ. Бидејќи, ваков СДСМ, кој наликува на оној СДСМ од траорните времиња на Заев во никој случај не може и нема да го победи дпмне мицковистичко, и ниту теоретски нема да ги инволвира во некаков ангажман сите оние кои знаат колку е неподнослив и опасен за народот и државата овој режим.

Бидејќи е мошне навредливо за интелигенцијата нема да го анализирам тоа смешно и глупаво соопштение опсежно, туку ќе се задржам на два момента кои се чини дека вчера го вратија СДСМ во оние времиња кога не беше во полза на Македонскиот народ т.е. делуваше директно против највисоките национални и државни интереси на Македонија. Прво, тие се против поставување на споменик на Ќосето нарекувајќи го дури и, замислете, цитирам „историски маргинална но длабоко контраверзна личност. Ваков споменик не треба да биде поставен никаде…“ (sic!). Второ, го поистоветуваат делувањето на Данела со она на дпмне, пренебрегнувајќи го фактот дека откако според нејзини зборови ги фати со рачињата во медот односно во таков обид оние од дпмне мицковистичко, госпоѓата Данела е најголем нивен политички противник, многу поголем отколку што тоа е СДСМ на истото дпмне мицковистичко (ако веќе не се во договорена и трајна соработка, којзнае, нели). И така, на овој начин, денес ваквиот СДСМ, после вчерашното соопштение кое сеуште стои на нивната партиска страна, СДСМ кое беспотребно и неповикано пишува обични детски глупости можеби под влијание на удбашката историографија за грандиозен Македонски револуционер, важна историска личност која се борела за идеалот суверена Македонска држава, СДСМ кое без никаква основа и причина (наместо да и се заблагодари за нејзиното политичко демаскирање на режимот и да ја покани на соработка) ја критикува Данела која во последниот период односно повеќе од 1 година е единствената светла точка во бедната политичка стварност и дискурс во мициленд, се откри во сиот свој губитнички политички дискурс и се врати во времето на Заев.

Ова соопштение претставува големо откривање на нивните вистински креатори на партиската политика, дава одговор за многу до вчера нејасни процеси кои се надевавме дека ќе финишираат со нов СДСМ спротивен на оној на Заев, и меѓу другото по се изгледа ги закопува длабоко сите можности кои реално беа присутни во смисла на идеолошко ревитализирање на социјалдемократијата во обединувачки дискурс и практично делување и како екстраполација на современа социјалдемократска форма на патриотизам, што впрочем е и актуелен тренд кај социјалдемократските партии ширум Европа.

Оваа пропуштена можност да се создаде нов СДСМ кој ќе биде поинаков СДСМ од оној на Заев скапо ќе не чини нас, обичните луѓе, во политичка и економска смисла. Тоа практично значи дека, како што впрочем пред некое време и антиципирав врз основа на други аналитички параметри а денес уште повеќе, дека дпмне мицковистичко, влен и знам ќе бидат режим две децении, најмалку. Такви големи процеси како победа на диктаторски режим по внатрепартиски реформи дури и да се реализирани по идеален модел се секогаш долготрајни, така што, Господ нека ни е напомош, кога веќе нема голема политичка сила што ќе не обедини во борбата со диктатурата. Но, скапо ќе ги чини и сите оние членови и симпатизери на СДСМ, освен нивните пратеници со огромни пратенички плати и имунитет, се разбира.

Таа „борба“ со режимот, ако воопшто и ја има и ќе ја има, сами ќе си ја водите, дами и господа партиски функционери на СДСМ. И со среќа нека ви е, оти тешка ќе ви биде борбата. Сите оние што сеуште не ја забележале круцијалната разлика меѓу дпмне до 2017 година и ова дпмне денес, или е политички аматер или не сака да се соочи со свирепата вистина во која еден ден, дали по 10 или 20 години веројатно сепак ќе мора и сам да се увери на своја кожа. Мицковистичко дпмне не е попустливото и толерантно, демократско дпмне на власт до 2016 година –  ова дпмне ќе ја инструментализира сета моќ на партизираните институции на системот во репресивни дејства, многу веројатно, ако и кога забележи реална можност за свој пад. Ние малкумина што пишуваме и зборуваме по телевизии против режимот немаме баш никаква политичка моќ и практично сме безопасни за режимот, но вие со партиска инфраструктура и какви-такви ресурси може и ќе бидете некој далечен ден. Додуше, со оглед на тоа, така да кажам, метафорично, какви политички мршојадци и хиени се собраа околу претседателот на СДСМ кои надежно почна но за жал се чини не успеа да создаде нов СДСМ, ликови кои ги знаеме од времето на Заев и асоцираат на него кога ќе ги видиш (иако, за волја на вистината, има и симпатични ликови како Чупеска посебно кога е во модус на исповед за изгубените симпатии кон Илон Маск), нешто и не мислам дека ќе бидат за жалење.

Текстот е сопственост мна Ликално.мк

 

колумна Тони Науновски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.