Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

100 дена Влада / Ивон Величковски основач и политички лидер на  Движењето за нова република: При јасно неуспешна Влада, време е да се концентрираме на потребното во опозициското дејствување

0
By Zoran Ivanov on September 30, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 30, 2024 16:27

Автоблокирањето на преговорите за сега го кочи “само” целосниот пристап кон заедничкиот пазар и слободното движење на граѓаните. Но веќе во блиска иднина ќе се јави како пречка кон поволните (неповратни) помошти и средства за напредок низ развој во реалниот сектор (од земјоделство до инфраструктура) со сите последици.

Иван Величковски, за НОВА тв.мк вели декаод по сто дена, Владата на Мицкоски и Меџити покажа дека нема ниту програмска ниту кадровска суштина за четири меѓусебно поврзани области и наведува:

– Економијата и стандардот на граѓаните.

Владините економски политики втемелени на профитот на олигархијата ги оставија граѓаните на удар на растечките трошоци на живот, а претприемачите на удар на скапите енергенси и суровини.

– Борбата со корупцијата и владеењето на правото.

Блокирањето на (право)судството низ обид за негова партиска контрола остана средство за спречување на одговорното управување со јавните пари.

– Евроинтеграциите на Северна Македонија.

Автоблокирањето на преговорите за сега го кочи “само” целосниот пристап кон заедничкиот пазар и слободното движење на граѓаните.

Но веќе во блиска иднина ќе се јави како пречка кон поволните (неповратни) помошти и средства за напредок низ развој во реалниот сектор (од земјоделство до инфраструктура) со сите последици.

– Евроатланскиот придонес на Северна Македонија.

Тој зависи и од подготвеноста за учество во заеднички операции и од комплетирање на потребните коридори за брзо распоредување на НАТО трупи.

Блокадата на Коридорот 8 од Владата на Мицкоски, оттука, не е само удар врз транспортот на добра и луѓе кон Албанија и Бугарија како паневропски коридор, туку и на мобилноста на формациите на НАТО од Јадранското до Црното Море.

Затоа, приоритет на опозицијата е подготвено да ги пресретне политиките на Владата кои веќе се погубни по стандардот на граѓаните, внатрешната кохезија на општеството и по стабилноста на државата во одбранбено-безбедносна смисла.

Оттука, за Движењето за нова република јасни се појдовните позиции на идното политичко дејствување.

  1. Преговарачката рамка е средство на билатерално надминување на предизвиците меѓу Скопје и Брисел, а не со одделни држави-членки.

Низ неа Скопје деблокирано од спорови за членките може да напредува кон полноправно членство во ЕУ низ јасни критериуми.

Оттука секој обид за „посредување“ вон Брисел треба да се смета за асистирање на Владата на Мицкоски во држењето на земјата вон ЕУ.

  1. Примена на билатералните и меѓународните договори.

Преспанскиот и т.н. „Софиски договор“ се целина на решавањето на споровите што ги деблокираа(т) западните интеграции на нацијата и нивната примена е дел од владеењето на правото во Северна Македонија.

  1. Целосна граѓанска рамноправност согласно Уставот.

Дополнувањето на Преамбулата значи и јасна дистинкција на македонскиот народ, но и верба на македонскиот народ во себе – низ сопствениот капацитет и да гарантира и да практикува граѓанска рамноправност согласно своите демократски и слободарски вредности. Наспроти обидот на ВМРО-ДПМНЕ да ни ги потцени овие вредности како Македонци.

Замислената „итрина“ за „одложена примена“ на дополнетата Преамбула, пак, е „бумерант“ во најава: таа значи дека како народ и нација сме согласни изворни граѓански и колективни права да важат “одложено” и административно и партиски арбитрерно. Истото се однесува и на укинувањето на стекнати права со административни одлуки (закон за јазици, „балансер“ и сл.).

  1. Спречување на подредената позиција на Северна Македонија низ договори за задолжување на државата во странски влади и од прашални извори.

Ако договарањето на кредитот од Орбан започнува уште во периодот пред формирањето на новата Влада па и пред самите избори, (согласно програмата со која настапи пред изборите), тогаш ВМРО-ДПМНЕ преговарало од подредена позиција. Затоа прашањето е какви обврски се преземени за да се дојде до позајмицата.

На пр. за блокирање на остварувањето на државните стратешки интереси, како што веќе навестуваат досегашните владини политики?

  1. Неселективна борба со корупцијата, вклучително низ откажување од југо-тајкунеријата негувана во економско-финансискиот систем на ПЈРМ.

Тоа значи и опстојување на дополнувањата на Законот за примена на рестриктивни мерки, што ќе ја прекине неформалната коалиција на делови од партиите во власта и опозицијата, нивните медиуми и НВО-и за поттикнување на напуштањето на полноправното членство во ЕУ како национален приоритет.

Но и јасна поддршка на барањето на ЕП за отворање на досиејата на екс-ју службите, што (и) во Северна Македонија ќе ги исцрта нивните „дечиња/внучиња“ распоредени во медиумите, бизнисот и администрацијата/партиите.

Впрочем овој процес е начнат (низ „селидбите“ на добар дел од „политичката елита“ преку ЗНАМ и ВЛЕН кон ВМРО-ДПМНЕ) уште со утврдувањето на „францускиот предлог“. Во чекање на следната „прекоманда“.

Тоа ќе го разобличи и прекине предвидливото прераснување на Скопје во „утешна награда“ за Белград во замена за комплетно меѓусебно признавање на Србија со Косово.

И ќе не врати во паралела со Албанија во движењето кон полноправно членство во ЕУ како потреба на македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија – на ужас на партиите, особено на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН и на „јавноста“, елаборира Иван Величковски за НОВА тв.мк, а по повод 100 дена Влада.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.