Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

0
By Zoran Ivanov on January 25, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 25, 2026 10:07

Стотици граѓани излегоа на протести во Минеаполис откако утрово Федерални имиграциски агенти убиле 37-годишниот маж, во градот веќе потресен од смртта на Рени Гуд пред неколку недели.

Локалниот шеф на полицијата, Брајан О’Хара, соопшти дека деталите за инцидентот се ограничени, но дека мажот имал оружје кое го поседувал со дозвола и имал право да го носи со себе.

Според информациите кои ги имаме, а тие се многу ограничени, станува збор за 37 годишен бел маж, граѓанин на Минеаполис, и веруваме дека е американски државјанин. Засега немаме официјални информации за тоа што довело до пукањето но ги погледнавме видеата што кружат по социјалните медиуми изјави началникот на полицијата во минеаполис, Брајан О’хара.

Портпаролката на Министерството за внатрешна безбедност, Тришија МекЛафлин, изјави дека федералните агенти биле на операција како дел од имиграциската политика на администрацијата на Трамп и пукале во одбрана откако мажот со пиштол се приближил и „насилно се спротивставил“ додека агенти се обидувале да му го одземат оружјето.

Федералните власти соопштија дека полицаецот кој смртно застрела човек од Минеаполис за време на протестот е ветеран со 8 години стаж во граничната патрола.

По пукањето, гневна толпа се собра пред местото на настанот, викајќи „плашливци“ и барајќи федералните агенти да си заминат.

Се наоѓам во близина на раскрсницата во центарот на минеаполис каде што федералните агенти наводно пукале во човек рано утрово. Агентите користат солзавец, шок гранати, обидувајќи се да ја растераат насобраната толпа. А луѓето скандираат „одете си дома нацисти“. Состојбата е многу напнатаво моментов. Разговарав со сведок кој рече дека го видел човекот застрелан во градите на автобуска станица. Таа плачела, а други луѓе излегле. Луѓето се во шок, знаете, од уште едно фатално пукање овој месец. Состојбата е напната, а еден агент, одговарајќи на демонстрантите, рече „Бу-Ху“. Значи, агентите им се потсмеваат на луѓето што излегоа овде, раскажува новинарот на Асошиејтед Прес, Џек Брук.

Дел од лицата кои излегоа да протестираат поставија канти за отпадоци како барикади и се судрија со федералните агенти. Агентите на други локации употребија и шок-бомби и солзавец за да ја растераат толпата, додека полицијата повика на смиреност како од јавноста, така и од федералните служби.

Претседателот Доналд Трамп го обвини градоначалникот на Минеполис и гувернерот Тим Волц дека поттикнуваат „внатрешна побуна“.

 

Агенти Минеаполис протести федерални
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.