Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова медицинска опрема, зајакната дијагностика и инвестиции во здравството и во ковид пандемија

0
By НОВА ТВ Balaban on April 28, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во континуитет обезбедуваме нова најсовремена медицинска опрема за јавните здравствени установи, со цел унапредување на условите за третман на пациентите и подигнување на квалитетот на здравствените услуги. На Институтот за радиологија, деновиве се инсталирани четири нови апарати за компјутерска томографија и за магнетна резонанца, обезбедени во соработка со Светска банка. Со оваа инвестиција овозможуваме побрз пристап на пациентите до потребните дијагностички услуги, а со тоа и побрза детекција и третман на заболувањата, особено ако станува збор за малигни заболувања каде раната детекција е клучна. Со грант од Јапонија е обезбедена современа медицинска опрема за повеќе клиники наменета за третман на пост-ковид пациенти (дефибрилатори, електрокардиограми, анализатори за крв, централни монитори, рендген апарат и мобилни ЕХО апарати). На Клиниката за пулмологија е промовиран нов Компјутерски центар за дијагностика, а преку проектот „Снабдување со опрема за одговор на здравствени закани“ се обезбедуваат три апарати за МР за Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид, ОБ Струмица и ОБ Прилеп и пет апарати за КТ за Клиника за пулмологија и општите болници во Куманово, Кичево, Гевгелија и Кавадарци.

Од аспект на зајакнување на дијагностиката, во соработка со Управата за електронско здравство, изработивме веб платформа skrining.mk, преку која жените првпат имаат можност по електронски да закажат преглед во рамки на бесплатниот организиран скрининг за рана детекција на рак на грло на матка. Со организиран скрининг оваа година се опфатени жените на возраст од 36 до 45 години, кои во последните три години немаат направено ПАП тест.

Покрај набавката на нова опрема, фокусирани сме и на обнова на инфраструктурата. Целосно е реконструиран одделот за онкологија на Клиниката за детски болести. Станува збор за оддел кој е единствен од овој карактер во регионот, ќе ги згрижува сите деца со малигни болести, а ќе се лекуваaт и пациенти од Косово и Јужна Србија.

Извршена е целосна гасификација на ОБ Куманово, што овозможува значително позитивен ефект врз животната средина, квалитетот на воздух, а се овозможува и финансиско олеснување за установата која ќе може финансиските средства да ги пренасочи за други инвестиции и проекти. Станува збор за инвестиција во вредност над 20 милиони денари.

Во насока на стручно доусовршување и надградба на кадарот – првпат на Државниот универзитет во Тетово воведуваме нова Програма за специјализација по семејна медицина. Ова е долгорочна инвестиција, од која ќе произлезат стручни кадри во оваа специјалност. Исто така, инициравме проширување на дејноста на Клиничката болница – Тетово за вршење специјалистичко – консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво од областа на градната хирургија. Уште една новина за докторите кои аплицираат за специјализација или супспецијализација е дека сите универзитети, вклучувајќи го и ДУТ ќе добијат еднакви оцени при формирање на оценката за стекнување со право за специјализација или супспецијализација, за разлика од претходно кога една од компонентите на оцената било рангирањето на универзитетот каде кандидатот се стекнал со диплома согласно рангирањето според Шангајската листа.

Паралелно работиме и на нов концепт и реформа на примарната здравствена заштита во соработка со Светска банка и СЗО. Подготвена е нова листа на услуги во електронскиот систем, а во тек е надградба на протоколите за ХОББ, хипертензија, дијабетес и хипотироидеоза. Лекарите од примарното ниво ќе имаат поголема палета на услуги коишто ќе ги пружаат, место пациентите веднаш да се упатуваат на терциерно ниво.

Согласно методологијата за цени на лековите и оваа година, по спроведени успешни преговори со фармацевтските компании, постигнавме намалување на цените на одредени лекови, целосно почитувајќи ги меѓународните тенденции за движење на цените на лековите во регионот. Новите намалени цени за тие лекови почнаа да се применуваат од 1 април. Станува збор за 102 оригинаторни лекови и 123 генерички лекови кои наоѓаат примена како на примарно ниво, така и во болнички услови. За мнозинството на генерики на лекови пациентите имаат на располагање избор на лек без доплата од позитивната листа и останати лекови со делумна доплата, по избор на пациентот. Наша тенденција е да се обезбедуваат се повеќе лекови без доплата за пациентите.

Во пресрет на Европската недела за имунизација стартувавме со заедничка кампања со УНИЦЕФ и СЗО за потенцирање на важноста на редовната имунизација, како најдобра превентивна мерка за заштита од заболувањата. Тековно се спроведува и вакцинацијата против Ковид-19, со која досега се опфатени 46.5% од населението.

дијагностика Нова медицинска опрема
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.