Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

18 години затвор за воени злосторства за Пјетер Шаља поранешниот припадник на ОВК

0
By Zoran Ivanov on July 16, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалниот косовски суд во Хаг го осуди Пјетр Шаља, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово, ОВК, на 18 години затвор за воени злосторства.

Тој беше прогласен за виновен за произволно приведување и тортура на најмалку 18 лица и незаконско убиство на едно лице на или околу датумот 5.  јуни 1999 година во фабрика за метал во Кукеш, Албанија.

Судијката Мапи Велт – Фоља рече дека поранешната фабрика за метал во Кукеш ја користела ОВК во периодот од мај 1998 до јуни 1999 година за, меѓу другото, регрутирање и логистика.

Таа додаде дека судот добил веродостојни докази дека овој објект бил користен за приведување, испрашување и малтретирање лица осомничени дека соработувале или сочувствуваат со српските власти или дека не ги поддржувале доволно напорите на ОВК.

Шаља учествувал во трансферот под стража на еден од приведените во фабриката, учествувал во испрашувањето и малтретирањето на приведените заедно со други припадници на ОВК. Шаља прв удрил некои од приведените. Еден од приведените изјавил дека Шаља го претепал со бејзбол палка и го обвинила дека е шпион, рече судијката.

Според судот, Шаља имал намера да изврши убиство.

Бројот на приведените не е познат, но се проценува дека имало околу 40 лица, меѓу кои и три жени, рече судијката.

Судското тело идентификуваше 18 лица. Од прва рака слушна сведоштво за трауматските настани што ги доживеаја за време на нивното затворање во оваа фабрика и влијанието што овие настани го имаа врз нивните животи и врз нивните семејства, рече таа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.