Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

2015 година, време за европската левица

0
By Светлана Јовановска on February 2, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата 2015 година почна со успехот на Сириза во Грција. Сега се поставува прашањето дали оваа година ќе донесе успех и за другите леви движења во Европа, движења кои не кријат дека би сакале да застанат на чело на државите исцрпени од штедење, невработеност и сиромаштија како Шпанија, Португалија и Ирска.

Шпанската партија Подемос (Можеме), новата португалска партија Tempo de Avancar (Време да се оди напред) или познатиот ирски Шин Фејн, со љубомора гледаат на успехот на грчките колеги.

«Тик, так, тик, так» или «Можеме» станаа веќе познати слогани на Подемос кои се извикуваат на секој од протестите против мерките за штедење во Шпанија но и против корумпираните елити на двете партии – социјалдемократите и демо-христијаните, кои со години ја водат политичката сцена.

Земјата е уморна од економската криза и преполна со скандали поради постојаните и неисцрпни корупциски афери. Подемос ги обвинува овие елити или олигарси дека со години ја «конфискуваат сувереноста» на земјата.

Екстремно десните партии во Шпанија немаат многу успех пред се заради се уште свежите спомени од времето на диктаторот Франко.

На сите им е јасно дека ако немаше криза Подемос немаше да постои и партијата тоа го признава и се надева дека ќе успее да го сврти кон себе гласачкото тело на социјалистите но и на некои од оние кои гласаат за демо-христијаните. Според некои оценки објавени во европските медиуми, станува збор за 24 отсто избирачи на овие две партии кои би се одлучиле гласот да му год адат на новиот лидер Пабло Иглесиас.


Пабло Иглесиас

На 36 години, Иглесиас, новинар и професор, успеа да освои пратенички мандат во Европскиот парламент во 2014 година заедно со уште четворица сопартијци. За него велат дека е амбициозен и дека полека и трпеливо учи како се освојува власт. Според зборовите на мајка му, во една шега, Пабло уште пред да се роди бил левичар. Мајка му била адвокат за еден голем синдикат а татко му професор по историја.

Целта на Подемос е да ја освои власта на изборите кои би требало да се одржат во ноември годинава: «Широк но не и вечен прозорец се отвора», вели еден документ на партијата која додава дека тоа ќе се случи «сега или никогаш».

Одговорот на власта е дека тоа нема да се случи и покрај успехот на Подемос и огромниот одзив на протестите од кои последниот се одржа во саботата на 31 јануари во Мадрид со учество на повеќе илјади луѓе.

Нова политичка партија се појави и во Португалија. Пример и е Сириза а во неа се собрани повеќе левичарски политички групи. Таа е основана во 2014 година од страна на португалскиот пратеник Руи Таварес.


Руи Таварес

Tempo de Avancar не е анти-европска партија но и таа, како Сириза или Подемос, им се противи на мерките за штедење кои и беа наметнати на Португалија пред неколку години. Невработеноста на младите изнесува 35 отсто и социјалните бенефити беа драстично скратени. Сето тоа ги тера младите но и постарите да ја напуштаат земјата.

«Бараме нови форми на политичко учество кои би биле одговор на кризата како Подемос или Сириза», вели за една американска телевизија Ана Драго, една од лидерите на партијата.

И во Португалија, како и во Шпанија, политичкиот пејсаж го водат со години две партии, центар десната ПСД и центар левата ПС. Во Португалија избори се предвидени во октомври годинава. Сепак, барем засега, левите партии остануваат расцепкани и со тоа ги намалуваат шансите за успех како оној на Сириза.

Ситуацијата не е брилијатна ни во Ирска иако често може да се слушне дека земјата, со финансиската дисцпилина, се извлекува од кризата.

Во Ирска нема нова лева партија но Шин Фејн е тој кој му се противи на штедењето и на мерките што и се наметнати на земјата. Лидерот на Шин Фејн Џери Адамс од се срце му честиташе на Алексис Ципрас за победата и изрази надеж дека дека ЕУ ќе го прифати предлогот на Сириза за одржување европска конференција посветена на долговите и кризата на која, вели Сириза, треба да се најде решение не само за Грција туку и за цела Европа. Овој предлог не му се доапаѓа на ирскиот премиер како што велат тамошните медиуми.


Џери Адамс

За Шин Фејн овие мерки на штедење се «најголемата причина на економската мизерија на Ирска». Адамс смета дека ова е европски проблем кој бара европско решение.

Податоците велат дека неврабоеноста изнесува 13 отсто што е помалку отколку во јужните земји на ЕУ. Но Ирска има и други проблеми како падот квалитетот на здравствените услуги за што често се протестира или приватизацијата на фирми кои се сметаат за дел од суверенитетот на земјата.


Ерван Фуере

Според Ерван Фуере, Ирецот кој беше амбасадор на ЕУ во Скопје, ирската ситуација не е иста како грчката.

“И покрај тоа што има протести – како на пример вчерашните протести против планот на владата да воведе данок за вода – тие се надпартиски и на нив се собираат луѓе од сите слоеви. Не верувам дека во Ирска има место за протести како во Грција или Шпанија. Лабуристичката партија која е на власт во коалиција со партијата Фајн Гаел (центар десна) е таа што ја претставува левицата. Но, постепено Шин Фејн добива повеќе поддршка со тоа што партијата се фокусира на социјалните теми и својата анти-капиталистичка идеологија”, вели за НОВА г-дин Фуере.

Левите движења добиваат на сила и во други земји како Данска, Германија и Франција. Во Франција забележан успех направи партијата Лев Фронт на Жан-Лук Меланшон. Сите овие партии добија, на извесен начин “крила” со успехот на Сириза. Иднината ќе покаже дали нивниот оптимизам е оправдан.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.