НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

2017: Не чека ли повторно Бела Чао

0
By Биљана Секуловска on December 31, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Би било самоубиствено да се чека со страв Новата 2017 година. Знам, добро знам, стравот е оправдан, ако го погледнете од прозорец останатиот свет кој повеќе не се контролира, ниту пак има изгледи дека ќе надвладее здравиот разум.

После Трамп, односите помеѓу Америка и Русија се сериозна непознаница, како и нивниот светоглед кон се што излегува надвор од нивните фиксирани, кон себе очила.

Можете да се потсмевате колку сакате за руското влијание во регионов, но сомнежите кои и на крај се потврдија за директно мешање во претседателските избори во Америка, оставаат доволен простор за останатите руски делувања во регионов, за кои веќе светските медиуми предупредуваат;

https://www.youtube.com/watch?v=-nSF40smtgw

 

Авторитарниот Ергодан и ердоганизмот кој одамна ја нагризува и земјава зема замав, а на повидок е опасноста за нов бран бегалци кој тешко би можел да се контролира, доколку Ердоган не се задоволи со функционалноста на неговиот договор со ЕУ.

Последниот потег на Ердоган, кривично да одговара човек кој го навредил на ФБ а кој има и македонско државјанство, покажува сериозна тенденција кон арогантно диктирање на сопствените правила и моќ во друга земја, но внимавајте, станува збор за пријателска Влада- онаа на Груевски;

Популистичкиот тренд во политичката мапа на Европа станува сериозна закана за нејзина дезинтеграција, а во основа причините и последиците се рамноправно тешки и несовладливи, особено за средната класа.

Политичките аналитичари и научната мисла ги анализираат особено пост-комунистичките земји кои заглибуваат се повеќе во авторитатизам, особено кога бегалската криза е во прашање, иако токму тие, низ историјата го градеа својот идентитет низ раселувањата и бегствата за подобар живот.

Западна Европа е особено значајна за анлиза, по новата тенденција на стравувања на распад на идеалите токму воспоставени од нив. Бегалската сириска криза ги доведе до раб на очај довчерашните либерални, коспомополитски, бунтовни деца, оние гневни револуционери кои 1968 сега веќе ја заборавија, како и соништата за слобода, еднаквост, братство.

Сириските бегалци за нив претставуваат опасност, погледнете го само Брегзит, и сега раширете ја сликата и почекајте ги останатите земји да им треснат врата на идеалите за европско братство и доброволно да го земат катанецот и во сопствените земји да ја величаат националната раса.

Се разбира дека не се во прашање стравувањата за нивните работни места, дека ќе бидат зграпчени од сириските бегалци,  ниту пак комоцијата на здодевниот граѓански живот, заради кој и се умира. Тие добро знаат што е солидарност и праведност, конечно тие и ги воспоставија и славеа, но, во прашање е друг меч за кој веруваат дека сами себе ќе си го заријат ако не се спротивстават.

Но тие се подготвени и да умрат, но не и да го стават под прашање сопствениот, граден со векови идентитет, кој конечно не подразбира само цврсто воспоставени цивилизациски вредности, туку и цел арсенал оружје со кое располага западниот идентитет.

Тој се граничи со одредена доза верски конзерватизам, сеедно што некои ќе ви кажат дека е атеисти, потоа тука се и расните предрасуди, колку и да колонијализмот ги моделирал нивните космополитски верувања.

Мирисот и вкусот на воздухот станува поинаков со поинаквите, се разбира дека е побогат и единствено вреден за живот тој мултикултурализам, но стравот, тој страв дека ќе преовлада и ќе ги уништи и последните бели клетки, некако ги преплашува и ги тера да се однесуваат надвор од границите на нивното цивилизациско ниво.

Конечно, во таков кафез припаѓаат и следбениците на Груевски, самата суштина на груевизмот. Далеку поразлична, ако споредбата ја правите во финансиската моќ на европјаните, нивото на обазование, зацименентираните културни и цивилизациски вредности кои стануваат климави со првата опасност, заканата која демне од поинаквите.

Груевизмот токму и на тоа се надеваше- дека народот ќе ги следи националистичките команди, будалаштините кои го натераа низ сите овие десет години да го игнорира стомакот кој кркори, сопствената изолација, неможноста да се излезе од земјава заради достоинствено прашање како што е одмор, мала прошетка, социјален живот.

Некои други потреби, суштествени, се непознати- пристојно образование кое не подразбира влијание на партиска книшка, некаков барем пристоен културен капитал, каде Партијата не се замешала за да го направи тривијален, вулгарен, евтин и срамен.

Така изгледаше 2016 година. Сега ништо не зависи од Заев, од опозицијата, од понудата за живот.

Иронијата е величенствена- Ахмети има историска шанса да ја разреши агонијата, но не, тој во султански манир, испорачува барања кои се однесуваат на албанското прашање, за да донесе длабокоумна одлука со кого би коалицирал. Како да целата криза, целиот живот беше во заложништво заради потиснатите албански прашања, како Ахмети да не можеше низ целиов овој долгогодишен период да ги врзе околу вратот на Груевски и да бара правда. Не, тој го одбра овој момент, овие денови, овој час, токму кога се се стровалува и губи смисол без опстанокот на СЈО.

Таквата евентуална одлука на Ахмети, да го одбере навистина Груевски,  испорачувајќи му ги барањата за албанското прашање, може да се толкува и на поинаков начин – дека се согласил да го уништи митот за самиот Груевски и за ВМРО, да ја разобличи нивната борба за чиста, полнокрвна, македонска нација, каде секоја друга варијанта е крвава. Само така се заминува во историјата.

За нас јас не сум загрижена. Бела чао е нашиот избор, зарем не?

https://www.youtube.com/watch?v=OyMA84-mowI

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.