Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

25 факти кои можеби не сте ги знаеле за Првата светска војна

0
By Нова ТВ on January 3, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Близу 35 милиони цивилно население и војска загинале за време на Војната на нациите, како се создале тенковите, зошто се убивале кучињата од расата „германски овчар“, кој е најпопуларниот војник…

1. Меѓународен конфликт: Повеќе од 65 милиони мажи од 30 земји се бореле во Првата светска војна. Близу 10 милиони загинале. Сојузничките сили загубиле 6 милиони војници, додека Централните сили 4 милиони.

2. Оружјето кое исфрла оган: Германицте биле првите кои ги употребиле апаратите кои исфрлаат оган. Достигнувале до растојание од речиси 40 метри.

3. Вкупен број на загинати: Вкупниот број на загуби на цивилно население и војска во Првата светска војна се проценува на над 35 милиони. Над 15 милиони починале, а 20 милиони биле повредени.

4. Помалку болести, повеќе смрт: Близу 2/3 од смртните случаи на војниците биле за време на самата битка.

5. Шпански грип: Тој бил причината за речиси 1/3 од смртта на војниците во Првата светска војна.

6. Катастрофални несреќни случаи: Русија мобилизирала 12 милиони трупи во Првата светска војна, што ја прави најголемата армија на една земја за овој настан од историјата. Повеќе од 3/4 од нив биле убиени, повредени или исчезнати.

7. Ужас: Во август 1914, Германците убиле 150 цивили. Убивањето имало своја политика и свое име, денес познати како едно од најужасните случувања.

8. Машки тенк – женски тенк: За време на Првата светска војна, Британците ги карактеризирале своите тенкови на машки и женски. Машките имале топови, а женските имале митралези.

9. „Малиот Вили“: Малиот Вили е првиот прототип на тенк во Првата светска војна. Создаден е во 1915, а во него биле сместени тројца а се движел со речиси 5 километри на час.

10. Неподносливата галама: Звуците од експлозиите и пукањата можеле да се слушнат и на места оддалечени над 100 километри.

11. Базенот на мирот: Се работи за езеро длабоко 12 метри кое се наоѓа во Белгија. Се создало од експлозии активирани од Британците.

12. Кучињата-курири.

13. „Големата Берта“: 48-тонската хаубица најпрво ја употребиле Германците. Наречена е „Берта“ во има на сопругата на нејзиниот креатор, Густав Круп. Германија има 13 парчиња од овој тип на тешка артилерија.

14. Тенковите: Прво биле наречени земјени бродови, но поради обидите тие да се прикажат како резервоари со вода, Британците ги нарекле – тенкови.

15. Манфред фон Рихтхофен: Еден од најпознатите борци во текот на целата војна. Се верува дека срушил 80 непријателски авиони.

16. Шпиони и курви: Мата Хари, холандска танчерка, била обвинета дека е двоен агент. Иако секогаш го негирала тоа, Французите ја егзекутирале во 1917 година.

17. Волјата за борба: Некои војници не се согласувале со САД да не се влезе во војната, па им се приклучиле на француските и британските бригади, последователно некои од единиците на воените пилоти од САД станале едни од најсилните.

18. Скриениот напад на Мексико.

19. Претседателската иронија: Под ова се подразбира кампањата на Вудро Вилсон за втор претседателски мандат, која гласела „Не заштити од војување“. Еден месец откако ја зазема функцијата САД и објавува војна на Германија.

20. Регрутирањето: До крајот на војната, 2,7 милиони мажи биле регрутирани во Америка, а други 1,3 милиони волонтирале.

21. Германците во Америка: За време на Првата светска војна, жителите со германско потекло биле осомничени. Некои од протестите против Германците биле исполнети со насилство, меѓу кои спалувањето на германски книги, убивањето на кучињата од расата „германски овчар“.

22. Победнички градини: Овие градини ги започнал 31-от претседател на САД, Херберт Хувер, со цел да се прехрани американската армија и нејзините сојузници.

23. Високи трошоци: Вкупните трошоци во Првата светска војна за сите кои биле дел од неа, се проценуваат на 195 милијарди долари.

24. „Борба со кучиња“: Овој термин потекнува токму од Првата светска војна кога пилотите ги на авионите ги исклучувале моторите со цел брзо да го свртат авионот, а при повторното вклучување на моторот, звукот бил сличен како лаењето на кучињата.

25. Рововите: Германските ровови биле потполно различни од британските, а во нив имало и кревети, резервоари со вода, електрична енергија и куќни ѕвончиња.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.