Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

27-те мускетарки и мускетари на Европска Комисија денеска стапуваат на должност како министерки и министри на кабинетот на Урсула Фон дер Лајен

0
By Zoran Ivanov on December 1, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Овој тим е навистина европски. Претставува различни народи и генерации. Имаме поранешни премиери и министри, градоначалници и локални функционери. Некои биле извршни директори, а други работеле за непрофитни организации. Некои биле новинари и сопственици на бизниси. Други се биолози или физичари. Некои се од руралните средини и земјоделскиот сектор, а други од нашите големи градови. Некои преживеаја војни, други транзиција кон демократија. Горда сум што овој тим е толку разновиден на многу начини, изјави Фон дер Лајен.

Новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен денеска официјално ја презема должноста, со што почнува да тече нејзиниот петгодишен мандат.

Комисијата формално беше именувана од страна на Советот на ЕУ во четвртокот со мандат за периодот од 1 декември 2024 до 31 октомври 2029 година, откако ден претходно таа беше одобрена од Европскиот парламент со 370 гласа „за“, 282 „против“ и 36 „воздржани“.

Еврокомисијата ја сочинуваат 27 члена – по еден од секоја земја-членка на ЕУ – претседателката, шестмина потпретседатели и 20 еврокомесари  и тоа:

  1.      Урсула фон дер Лајен (Германија) – претседателка;
  2.      Каја Калас (Естонија) – извршна потпретседателка и висока претставничка на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика;
  3.      Рафаеле Фито (Италија) – извршен потпретседател за кохезија и реформи и еврокомесар кохезивна политика, регионален развој и градовите;
  4.      Роксана Манзату (Романија) – извршна потпретседателка за луѓето, вештини и подготвеност и еврокомесарка за вештини, образование, култура, квалитетни работни места и социјални права;
  5.      Хена Марија Виркунен (Финска) – извршна потпретседателка за технолошка сувереност, безбедност и демократија и еврокомесарка за дигитални технологии;
  6.      Стефан Сежурне (Франција) – извршен потпретседател за просперитет и индустриска стратегија и еврокомесар за индустрија, мали и средни претпријатија и единствениот пазар;
  7.      Тереза Рибера Родригез (Шпанија) – извршна потпретседателка на чиста, праведна и конкурентна транзиција и еврокомесарка за политиката на конкурентност,
  8.      Магнус Брунер (Австрија) – еврокомесар за внатрешни работи и миграција;
  9.      Хаџа Лабиб (Белгија) – еврокомесарка за подготвеноста, справување со кризи и еднаквост;
  10.   Екатерина Гечева-Захариева (Бугарија) – еврокомесарка за старт-апи, истражување и иновации;
  11.   Апостолос Sиsикостас (Грција) – еврокомесар за транспорт и туризам;
  12.   Ден Јоргенсен (Данска) – еврокомесар за енергија и домување;
  13.   Мајкл Мекграт (Ирска) – еврокомесар за демократија, правда и владеење на правото;
  14.   Костас Кадис (Кипар) – еврокомесар за рибарство и океани;
  15.   Валдис Домбровскис (Летонија) – еврокомесар за економија, продуктивност, имплементација и поедноставување;
  16.   Андриус Кубилиус (Литванија) – еврокомесар за одбрана и Вселената;
  17.   Кристоф Хансен (Луксембург) – еврокомесар земјоделство и храна;
  18.   Глен Микалеф (Малта) – еврокомесар меѓугенерациска правичност, култура, млади и спорт;
  19.   Пјотр Аркадиуш Серафин (Полска) – еврокомесар за буџет, борба против измами и јавна администрација;
  20.   Марош Шефчович (Словачка) – еврокомесар за трговија, економска безбедност, меѓуинституционални односи и транспарентност;
  21.   Марта Кос (Словенија) – еврокомесарка за проширување;
  22.   Оливер Вархеји (Унгарија) – еврокомесар за здравје и благосостојба на животните;
  23.   Вопке Бастијан Хукстра (Холандија) – еврокомесар за клима, нето нула емисии и чист раст;
  24.   Дубравка Шуица (Хрватска) – еврокомесарка за Медитеранот;
  25.   Јозеф Сикела (Чешка) – еврокомесар за меѓународни партнерства;
  26.   Марија Луиш Казанова Моргадо Диаш де Албукерки (Португалија) – еврокомесарка за финансиски услуги, штедење и инвестиции; и
  27.   Јесика Розвол (Шведска) – еврокомесарка за животна средина, отпорност на водите и конкурентна циркуларна економија.

Новата комисија има 11 жени и 16 мажи. Според политичка провиниенција, 14 припаѓаат на партии членки на Европската народна партија (ЕПП), по четворица од Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД) и либералниот блок Да ја обновиме Европа, еден од алијансата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), а четворица не се членови на ниту една партија.

При претставувањето на кандидатите за челнови на Колеџот на комесари, Фон дер Лајен најави дека прва голема иницијатива на новата Комисија ќе биде „Компасот за конкурентност“, кој ќе се базира на три столба – намалување на јазот во иновациите со САД и Кина, потоа декарбонизацијата и зајакнувањето на конкурентноста, како и зголемување на безбедноста и намалување на зависноста.

Таа порача дека борбата за слобода „не поврзува како Европејци“ и е причина за создавањето на Европската Унија, а денес станува нејзина движечка сила повеќе од кога било досега.

Оваа борба за слобода не се однесува само на нашите 27 земји членки. Сонот за Европа се протега до Западниот Балкан, до Украина, до Молдавија и пошироко. Ја видовме храброста на народот на Украина во продолжувањето на нивниот европски пат. Ја видовме издржливоста на народот на Молдавија да се држи до својата европска иднина. Ја видовме посветеноста на Западниот Балкан да се реформира, да расте и да се подготви да се приклучи на нашата Унија, нагласи Фон дер Лајен.

Според неа, целиот Колеџ на комесари ќе биде посветен на конкурентноста и зајакнување на технолошкиот суверенитет, безбедност и демократија и градење конкурентна, декарбонизирана и циркуларна економија со фер транзиција за сите, како и дизајнирање храбра индустриска стратегија со иновации и инвестиции, зајакнување на европската кохезија и региони и поддршка на луѓето, вештините и европскиот социјален модел.

Целта е да се гарантира дека Европа може да ги наметне своите интереси и да биде лидер во светот, истакна Фон дер Лајен.

Таа потенцира дека секој член на ЕК е еднаков и секој комесар има еднаква одговорност да ги исполни поставените приоритети, но и дека сите тие мора да работат заедно.

Овој тим е навистина европски. Претставува различни народи и генерации. Имаме поранешни премиери и министри, градоначалници и локални функционери. Некои биле извршни директори, а други работеле за непрофитни организации. Некои биле новинари и сопственици на бизниси. Други се биолози или физичари. Некои се од руралните средини и земјоделскиот сектор, а други од нашите големи градови. Некои преживеаја војни, други транзиција кон демократија. Горда сум што овој тим е толку разновиден на многу начини, додаде Фон дер Лајен.

 

фон дер лајен 2 евреопска комисија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.