Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Основен предуслов за успешно справување со глобалните безбедносни предизвици е ефикасната меѓународна соработка

0
By Ivana on December 2, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска и утре учествува на Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан што во организација на словенечкото Претседателство со ЕУ се одржува во Брдо кај Крањ во Република Словенија, каде во текот на трите работни сесии посветени на миграцијата, борбата против тероризмот и справувањето со организираниот криминал, ги презентираше стратешките цели и активности на нашата земја од сферата на безбедноста и спроведувањето на законите.

Форумот има за цел да поттикне дискусија на теми од областите внатрешни работи и правда, од поглавјата 23 и 24 од скринингот за предпристапниот процес за членство во Унијата.

Во рамки на сесијата за миграција, азил и надворешни граници, Спасовски, како што информираат од неговиот кабинет, меѓу другото, потенцирал дека покрај натамошното развивање на националниот систем за интегрирано гранично управување согласно ЕУ концептите и стандардите во сите облици на гранично работење, продолжува интензивната соработка со  ЕУ агенциите Frontex – EBCGA и Europol, и тоа во сите оперативни, практични домени,  почнувајќи од конкретно оперативно делување и соработка, ситуациска свесност, развој и истражување, па сѐ до обуки и стручно-техничка едукација.

– Основен предуслов за успешно справување со овој предизвик е ефикасната меѓународна соработка. На располагање се повеќе платформи кои може дополнително да ја подобрат соработката во оваа област, а обновениот ЕУ Акциски план може да претставува квалитетна рамка за натамошно зајакнување на заедничкиот пристап во борбата против криумчарењето на мигранти, дотолку повеќе што постои заеднички интерес, а и капацитети за натамошно развивање на сеопфатно и балансирано партнерство од взаемна корист, рече министерот Спасовски, додавајќи дека во првите 9 месеци на 2021 година спречени се вкупно 16.000 обиди за илегално минување, што претставува намалување од 36,5 проценти во однос на истиот период минатата година, како и 35 случаи на криумчарење на вкупно 420 мигранти.

Во сесијата посветена на борбата против тероризмот, насилниот екстремизам и радикализацијата, како едно од приоритетните европски безбедносни прашања, Спасовски, се вели во соопштението, ја нагласил неопходноста од подготвеност и отпорност како на локално, така и на национално, но и на меѓународно ниво за чија цел е креиран Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот.

– Борбата против тероризмот претставува значителна мотивација и за интензивна размена на безбедносно значајни информации со земјите од регионот, но и со нашите стратешки партнери. Во праксата, како особено корисна алатка се покажа оперативна апликација за безбедна размена на информации – СИЕНА, која е целосно оперативна во единицата во МВР надлежна за борба против тероризмот и преку која во изминатата година се разменети околу 800 пораки и одговори на барања, појасни Спасовски, додавајќи дека измените на Законот за кривичната постапка, во однос на сложените случаи, меѓу кои и оние од областа на борба против тероризмот, како и донесувањето на Законот за критична инфраструктура претставуваат одговор токму на препораките од Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот.

Во рамки на работната сесија за справувањето со организираниот криминал, Спасовски, се наведува во соопштението, најави дека Владата на РСМ, согласно целите и приоритетите од Националната стратегија за дроги 2021-2025, веќе идната 2022 година ќе воспостави Систем на рано предупредување од нови психоактивни супстанции, како одговор на заложбите за зајакнување и развој на адекватни пристапи за намалување на побарувачката и понудата на дроги, како и потреба за зајакната координација помеѓу институциите и подобрување на системот на известување.

– Нашата цел е намалување на бројот на млади лица кои употребуваат дроги, поголем опфат на лица кои употребуваат дроги преку програмите за третман и грижа, развивање на Програми за намалување на штетите од употребата на дроги, ресоцијализација, рехабилитација и реинтеграција, како и намалување на бројот на лица генерално кои користат  дроги, а со тоа и намалување на побарувачката на дроги, соопшти Спасовски, воедно нотирајќи го како  приоритет во наредниот период натамошното развивање на соработката, преку учество во заеднички билатерални или мултитерални и EMPACT операции во сите области, партиципирање во заеднички истражни тимови, приклучување кон нови Проекти за оперативна анализа, континуирана размена на оперативни и стратешки информации и користење на продуктите на Европол.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.