Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бројот на активни КОВИД-случаи втор ден под 5000, низ дел од Европа забрани за јавни празнични манифестации

0
By Ivana on December 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Втор ден бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјава е под 5 000. Според вчерашната ковид-статистика, од направени 3.929 тестирања, регистрирани се 280 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, а оздравени се 156 пациенти, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје за последните 24 часа.

Регистрирани се и 10 починати лица. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се пет починати лица: по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица (75г), Куманово (79г), Охрид (71г) и Крушево (45г), сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително пет лица, починати во период од 17.11-22.12.2021 година. Починатите лица се од Гостивар (2), Тетово (2) и Кавадарци (1) и се на возраст од 62г до 69г. Од нив две лица се починати во болнички, а три лица починале во домашни услови.

Од новорегистрираните случаи, најмногу има во Скопје 137, а со двоцифрени бројки следат Прилеп со 24, Охрид 18, Битола и Штип по 15, Кавадарци 13 и Гевгелија 10.

Досега во земјата се направени вкупно 1.574.100 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 223.211, бројот на оздравени пациенти е 210.475, на починати е 7.904. Бројот на активни случаи изнесува 4.832 и според дистрибуцијата најмногу има во Скопје 2440, Прилеп 348, Битола 341, Охрид 250, Кавадарци 180, Струмица 137, Велес 131 и Куманово 114 случаи.

Првиот случај на сојот омикрон на вирусот SarsCoV2 во земјава е детектиран во четвртокот кај маж кој допатувал од Велика Британија. Надлежните здравствени власти најавија дека за време на празниците не се предвидуваат нови дополнителни мерки во земјава, а вакцинацијата останува единствен излез од пандемијата.

Прелиминарните податоци од Светската здравствена организација (СЗО), покажуваат дека сојот омикрон на коронавирус може да ја намали ефикасноста на вакцините против Ковид-19, но овој вид е помалку опасен од делта сојот.

Повеќе земји во Европа најавија зајакнување на мерките за заштита против Ковид-19. Научните советници на британската Влада предвидуваат дека сите нови антиковид мерки, вклучително и забраната за собирање во затворено, кои што почнуваат од вторник, 28 декември, треба да траат до 28 март следната година, со цел да се намали бројот на смртни случаи во Англија за 39 отсто.

Правилата ќе вклучуваат забрана за дружење меѓу членови на две домаќинства во затворени простории, враќање на собири до шест лица на отворено, додека пабовите и рестораните би можеле да ги одржуваат отворените делови.

Во Франција завчера се регистрирани најголем број новозаразени со Ковид-19 во еден ден – 104.611. Стапката на ширење во изминатите седум денови е нешто помалку од 647 случаи на 100.000 жители. Со оглед на наглото зголемување на бројот на случаи, Владата најави планови за воведување построги правила за пристап до некои локации, вклучително и ресторани и културни институции.

Според сегашните правила, посетителите мора да покажат документ дека се вакцинирани, прележале или неодамна имале негативен тест. Се очекува наскоро да се укине можноста за прикажување негативен тест.

Италија ги заостри мерките за спречување на порастот на инфекциите со Ковид, вклучително и забрана за сите новогодишни прослави бидејќи дневните инфекции достигнуваат рекордно ниво, соопшти  италијанската влада. Министерот за здравство Роберто Сперанза рече дека носењето маски повторно ќе биде задолжително надвор и им нареди на граѓаните да користат маски Ffp2 во јавниот превоз и на јавни места, како што се театри, кина и спортски настани, бидејќи тие обезбедуваат поголема заштита.

Покрај тоа, концертите и настаните на отворено ќе бидат забранети до 31 јануари, а дискотеките и  клубовите ќе мора да ги затворат вратите до тој датум за да спречат масовни собири за време на празничната сезона.

Слободно, без посебни рестриктивни мерки, без карантин и полициски час за разлика од лани, но со селф тестови, задолжителна маска, без јавни празнични манифестации и со значително поскапи цени, Грците ќе ги поминат божиќните и новогодишните празници, јави дописничката на МИА од Атина.

Во последен момент пред Божик, грчката Влада воведе мерки, но се однесуваат на задолжителната маска и на отворено и на затворено, а не само во затворените простори како што беше случај досега, како и на откажувањето на сите јавни божиќни и новогодишни манифестации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.