Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле регистрирани 324 нови случаи на Ковид-19.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Велес (70г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени две починати лица од: Кичево (75г) и Ресен (83г). Починатите се пријавени во период од 04.03. и 05.03.2022 година, а починале во домашни услови.
Кај сите починати лица биле регистрирани коморбидитети.
Направени биле 2.290 тестови. Регистрирани се 49 реинфекциии.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.548, бројот на оздравени пациенти е 291.431, на починати е 9.162, а бројот на активни случаи изнесува 1.955.