Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

35 години македонистика на Шлезискиот универзитет: Полските студенти восхитени од автентичноста на македонскиот јазик 

0
By Mirjana on July 9, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полските студенти се восхитени од автентичноста на македонскиот јазик, којшто на Шлезискиот универзитет можат да го изучуваат од најосновното рамниште, а еден дел од нив продолжуваат со изучување на повисоки рамништа. Затоа, на вториот циклус студии, часовите по македонски јазик се одвиваат интензивно, на значително високо рамниште, а на Универзитетот има и докторанти по македонски јазик. Но, веќе се создаваат и нови перспективи – со заеднички проект за модерни славистички студии на Шлезискиот универзитет (Полска), Остравскиот универзитет (Чешка Република) и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), поддржан со програмата Еразмус Плус. Како резултат на овој проект, веќе ќе може да се очекува и зголемување на интересот за македонскиот јазик, литература и култура на вториот циклус студии на Шлезискиот универзитет.

Овие информации доаѓаат од лекторатот по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец, Полска, по повод значајниот јубилеј којшто ќе се одбележи во текот на претстојната академска година – 35 години македонистика на Шлезискиот универзитет во Катовице. Овој јубилеј е конкретен показател и за повеќедецениската соработка на Шлезискиот универзитет и УКИМ, важна и за македонистиката и за полонистиката.

Проектот којшто отвора и нови перспективи, а на којшто се носители и двата универзитета (полскиот и македонскиот) има за цел да се зголеми бројот на студенти на втор циклус студии преку интегрирани програми во кои се вклучени и македонскиот јазик, литература и култура. Ова и ја потврдува важноста на лекторатот по македонски јазик на Шлезискиот универзитет, којшто меѓу другото, со наставата во текот на првиот циклус студии може да овозможи поголема подготвеност на полските студенти за интегрираните програми на следното академско ниво и истовремено да биде клучна алка во успешното развивање на овие студии. Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) максимално ќе се заложи лекторатот по македонски јазик во Сосновјец, Полска со целосна посветеност да го оствари својот влог во новите перспективи коишто се создаваат со овој проект, како и за натамошното развивање на соработката меѓу македонските и полските слависти, којашто може да резултира и со низа натамошни проекти, вклучително и во научната дејност.

Инаку, според информациите од лекторатот по македонски јазик на Шлезискиот универзитет, покрај посветеноста на наставата и високата заинтересираност за превод и толкување на книжевни текстови од македонски автори, полските студенти искажуваат интерес и за дополнителните активности во сферата на македонистиката. Меѓу нив се вбројува и настанот „Читајќи го Конески на полски“, со кој полските студенти имаа можност подобро да се запознаат со поетскиот опус на Блаже Конески и дел од него да препејат на полски јазик. Досега покажаниот интерес е поттик и обврска на лекторатот по македонски јазик, веќе да се осмислуваат и нови активности за уште поактивна вклученост на младите полски филолози коишто искажуваат интерес за македонскиот јазик, литература и култура. МСМЈЛК при УКИМ, на претстојната 55. Летна школа што ќе се одржи од 17 август до 2 септември во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид, очекува и тројца студенти од Шлезискиот универзитет и тоа токму од овој лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец, овозможувајќи им не само следење лекторска настава и предавања, туку и учество на низа настани со коишто ќе можат подобро да ја запознаат македонската култура.

Остварувањата од изминатите децении и создадените нови перспективи обврзуваат соработката и содејството во афирмацијата на македонистиката не само да продолжат, туку и постојано да се развиваат, како и поддршката за развојот на полонистиката во нашата земја. Оттука, МСМЈЛК при УКИМ ќе иницира и нови форми на соработка коишто ќе претставуваат и нејзино продлабочување, особено во релацијата со Факултетот за хуманистика во Сосновјец, во чии рамки, на Катедрата за славистика функционира лекторатот по македонски јазик.

Податоците говорат дека изминатите години, соработката меѓу македонските и полските филолози, во научната дејност се одвива на ислучително високо ниво, при што меѓу другото, професори од Шлезискиот универзитет и од УКИМ се рецензенти и членови на редакциски одбори на научни списанија во двете земји, македонски полонисти имаат учествувано и во комисии за одбрана на докторски дисертации на овој реномиран универзитет во Полска, а повеќе нивни полски колеги имаат остварено академски престој во нашата земја одржувајќи и предавања на УКИМ, преку програмата Еразмус.   

 

Јубилејот 35 години македонистиката на Шлезискиот универзитет, во текот на претстојната академска година се очекува да биде одбележан и со одделен настан, со учество на повеќе македонски и полски слависти и македонисти, при што клучно е свое учеството да оствари и академскиот кадар од Факултетот за хуманистика во Сосновјец, на којшто повеќе професори предаваат и македонска литература и држат настава по превод. Покрај активностите по повод овој јубилеј, веќе се планираат активности и за одбележување половина век македонистика на Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (ИНАЛКО) во Париз, како и 15 години од лекторатот по македонски јазик на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Риека.

 

Лекторатот по македонски јазик на Шлезискиот универзитет функционира од академската 1987/88 година, на Катедрата за славистика при Факултетот за хуманистика во Сосновјец, а во моментов лекторската настава ја изведува Никола Илиевски.

Македонистиката 35 години ги јакне врските со Полска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
ФОКУС

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

ВЕСТИ November 3, 2025

Пред утрешното објавување на пакетот извештаи за проширувањето на ЕУ, сите пофалби ќе одат за…

Оставката на Ана Чупеска

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

November 2, 2025
ТИКЕР

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.