Во Шпанија денеска беше соборен температурниот рекорд во летната претсезона со температура од 40 степени во долината Гвадалкивир во регионот на Севиља, што не се случило во последните 20 години.
Високи температури го погодија и блискиот град Кордоба, објави Националната метеоролошка служба АЕМЕТ, пренесе Ројтерс.