
Џабир Дерала: Палатата Татарчев е во средината на тоа националистичко мочуриште, опкружена со политички полноглавци – московски ученичиња – задоени од сопствената суета и бескраен апетит за пари и власт. Нивното политичко срце бие во Кремљ и, ако не им успее операцијата, ќе дојде нечија сува старечка рака и ќе пушти вода во клозетот. Засега, ним не им пречи што се сами, па ревносно ја туркаат својата антизападна и радикално националистичка и проруска агенда. Ги користат, релативно успешно, сите можности да ги постигнат своите цели. Кампањата на нивниот агитпроп е интензивна. Крајната цел е сè да претворат во мочуриште што ќе ја проголта демократијата и во кое тие најдобро се снаоѓаат. https://civilmedia.mk/sami-vo-natsionalistichko-mochurishte/