Стотици граѓани со запалки и светла од мобилни телефони ноќеска чекаа пред Бранденбуршката палата во Берлин да чукне полноќ и првите секунди од први април да го означат мигот кога во Германија стапува на сила законот за легализација на марихуаната.
Законот дозволува пушење канабис на многу јавни места но во него се предвидени и рестрикции и санкции како, на пример, не е дозволено во домовите да се чува повеќе од 50 грама марихуана, а надвор не може да се поседува повеќе од 25 грама.