Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

0
By Marija Todorovska on September 25, 2025 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 25, 2025 14:17

Брисел: Европската комисија донесе одлука да одобри дополнителни 50 милиони евра помош како одговор на „катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа и за справување со растечките хуманитарни потреби на Западниот Брег“.

Со ова, како што соопшти Еврокомисијата, вкупната итна хуманитарна помош на ЕУ за Газа и Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, годинава достигна 220 милиони евра, а од 2023 година – над 550 милиони евра.

 Првпат во историјата е потврден глад во Појасот Газа, а масовното присилно раселување предизвикано од тековната воена офанзива во градот Газа ги прави семејствата очајни за храна, сместување, здравствена грижа и заштита. На окупираниот Западен Брег, континуираното присилно раселување, строгите ограничувања на движењето и насилството на доселениците доведуваат до акутни хуманитарни потреби за заштита, сместување и пристап до основни услуги, се вели во соопштението.

По повод одлуката на ЕК, еврокомесарката за еднаквост, подготвеност и справување со кризи Хаџи Лабиб изјави дека тоа е дополнителен одговор на Европската Унија на гладот кој сега е реалност во Газа и на неподнослива хуманитарната ситуација.

 Но, самото финансирање не е доволно. Цивилите мора да бидат заштитени, мора да биде загарантиран пристапот до хуманитарна помош и сите страни мора да го почитуваат меѓународното хуманитарно право. ЕУ ќе продолжи да работи со своите партнери за да инсистира на исполнување на овие обврски и на политичко решение што ќе го прекине страдањето, порача Лабиб.

ЕК посочува дека интензивираните израелски напади, тековните копнени судири и наредбите за присилно раселување на цивилите резултирале со тоа над 1,9 милиони луѓе или над 90 отсто од жителите на Газа да бидат насилно раселени низ Појасот.

Дополнително, по месеци жесток конфликт над половина милион луѓе во Појасот Газа живеат во катастрофални услови, а уште 1,07 милиони или 54 проценти од вкупното население се соочуваат со вонредна или кризна ситуација. Комисијата потсетува дека на 22 август 2025 година во Газа и официјално е потврдено постоењето на глад.

Хуманитарната ситуација продолжува значително да се влошува и на Западниот Брег, меѓу другото и поради брзото ширење на (еврејските доселенички) населби и нивната легализација, што го зголемува ризикот од де факто анексија, наведува ЕК.

Според Комисијата, поради израелските воени операции и најмалку 2.300 напади на еврејските доселеници врз палестинските заедници на Западниот Брег од 1 јануари 2024 година, своите домови ги напуштиле речиси 40.000 лица.

газа ЕК Хуманитарна помош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.